Не дека земјоделството им пречи во полигинијата, туку проблемите произлегуваат од сите можни сексуално преносливи болести што би можеле да ги замислите во вакво општество со праисториско ниво на медицина.
Врз основа на компјутерски модели, анализи и истражувања, научниците заклучуваат дека пред 10.000 години почнува да се менува дотогаш стандардното однесување на мажите (секој маж можел да има повеќе жени, а жената само еден маж). Ова се поклопува со периодот кога луѓето почнуваат да се префрлаат од лов и собирање плодови, на земјоделство.
Истражувачите од германскиот Макс Планк институт за еволуциска антропологија објаснуваат дека сексуално преносливите болести од типот кламидија, гонореја и сифилис имале различно влијание на заедниците. Додека помалите заедници успевале да се вратат по падот на популацијата предизвикана од овие болести, во големите заедници (над 300 луѓе) тие се претвораат во епидемија, која речиси комплетно ја уништува заедница (што доста зборува за правилото "жените имаат право на еден партнер").
Гореспоменатиот компјутерски модел покажува дека заедниците во кои моногамистите го казнувале ваквото однесување имале најголем успех и напредок.
"Резултатите откриваат дека сексуално преносливите болести одиграле важна улога во развивање на општествено наметнатата моногамија која коинцидира со растот на големи заедници базирани на земјоделство," објаснуваат истражувачите.
Авторите на студијата објавена во журналот Nature Communications признаваат дека имало и други фактори кои довеле до моногамија, ама се зафаќаат со проблемот со сексуално преносливите болести "бидејќи тој нагласува честопати игнориран аспект на човековото однесување."