Апелациониот суд во Њујорк го прекина заедничкото старателство на Бил О'Рајли и неговата екс сопруга. Со ваквата одлука всушност се исполнува желбата на нивната ќерка и син (17 и 13 години) да живеат само со својата мајка.
Њујоршката апелација со тоа потврди претходна судска одлука во врска со овој спор чие спроведување богатиот водител успеа само да го одложи.
Особено лута на својот татко е поголемата ќерка. Таа лани пред судот сведочеше како татко ѝ ја влечкал мајка ѝ по скали држејќи ја за врат а рече и дека ќе го памти како избувлив а отсутен родител кој не бил заинтерсирал да воспостави однос со своите деца.
Заедничкото старателство е раскинато, но во истиот процес О Рајли бараше да му се довери ексклузивно правно покровителство над своите деца, што значи тој да има пресуден збор во нивниот избор на учуилиштето, религиозната пракса, медицинската заштита и слично. Барањето му беше одбиено.