Науката го потврдува Бадев

Многу е тешко верно да љубиш

Спорот што науката се обидува да го реши е битката меѓу моногамија и не-моногамија (ова второво внимателно спакувано да не звучи како полигамија).

Кејси Вебер во Кварц актуелната доминација на моногамијата ја објаснува како: "приматот даден на моногамната унија не е изненадувачки имајќи ги предвид историски патријархалните општества кои доминираат со светот: економски систем базиран на предавање на имотот од татко на син е посветен на сигурноста околу татковството и јасните семејни линии."

Неодамна објавена студија од Универзитетот Мичиген се занимава со тоа како психолозите и другите научници кои ги проучуваат врските се предодредени да дојдат до резултати кои ја промовираат моногамијата, објаснувајќи: "Моногамијата е толку многу дел од емоционалната постава на западната култура што дури и луѓето кои ги изучуваат љубовните врски не успеваат да ја забележат својата наклонетост кон нејзе."

"Ние не ни размислуваме дали тоа е правилно. Ние го гледаме само како единствен начин," објаснува првиот човек на студијата Тери Конли.

Тие прво прават анализа на научната литература каде наоѓаат голем број примери каде пристапот на научниците е во корист на повисок резултат за моногамијата отколку алтернативните видови врски.

Втора работа што ја забележуваат е што истражувањата на не-моногамија често пати се направени да не бидат неутрални, односно не-моногамијата се идентификува како "неверност" или "прељуба", а една од страните е наречена "навредена страна" или "издаден партнер".

Самата Конли која на Универзитетот ја води Лабораторијата за стигматизирана сексуалност, објаснува дека во својата потрага околу пропустите во студиите за сексуалност и врски, "често пати наидува на отпор од другите истражувачи, од кои дел реагираат многу емоционално на нејзиното истражување на самиот концепт на не-моногамија."

Студијата од Мичиген тврди и дека консензуално не-моногамните врски се подеднакво "функционални", базирано на повеќе индикатори, како и моногамните. Базирано на мерки како доверба, љубомора, пасија, и севкупно задоволство, тие не наоѓаат разлика во функционирањето на врската меѓу двете групи.

 

28 март 2017 - 12:31