Технологија

Од сè што можеше да ѝ снема, на Јапонија ѝ снемаа телефонски броеви

Моментлно Јапонците користат телефонски броеви со 11 цифри, и овие би требало да се потрошат некаде до 2022 година.

Зошто Америка нема ривал што ќе му конкурира на Хуавеи?

Додека американските власти се заканија по сите можни основи (дипломатски, воено, разузнавачки) на секој од нивен табор што ќе инсталира Хуавеи опрема за 5Г мрежите, американските експерти за телекомуникација посочуваат дека Америка сама се наместила да биде во ваква позиција.

Сони Плејстејшн 5, што, како?

За сега не е сигурно ни дали следната конзола на Сони ќе се вика Плејстејшн 5, ама затоа почнаа да се осознаваат дел од деталите под хаубата на идната верзија.

Кина е на пат да го укинува копањето биткоин

За властите оваа активност претставува „сериозни залудно потрошени ресурси“, што е доволна причина за копањето биткоин да биде забрането. Шансите за ова само се зголемуваат кога ќе им се накалеми и загадувањето.

Амазон се подготвува да лансира 3.236 сателити

Компанијата веќе почна да ги прави подготовките за проектот што тие го опишуваат како „голем, смел вселенски проект“, кој треба да е за општо добро на човештвото.

Видео игри вс. мозокот на вашето дете

Детето со своите постапки се обидува да ви каже дека и тоа не сака така да се однесува и дека би сакал да може да престане да игра, меѓутоа не може, тврди педијатарот психофармаколог (и хонорарен двојник на Александар Вучиќ) др. Мајкл Милхам.

Зошто Хуавеи е 5Г кошмарот на САД?

Повеќе работи се и аргументи кои (во теорија) држат, меѓутоа главно целата работа се сведува на тоа дека успехот на Хуавеи во создавањето на 5Г опрема е знак дека САД ја губат лидерската позиција во мобилниот интернет и „симболично означува дека економската супериорност на Кинезите ја минала точката од која нема враќање.“

Како од 200 долари мобилните стигнаа до 2.000 долари

Во времето кога беше клучно мобилниот да е што е можно помал цената на водечките модели беше околу 200 долари (таму каде што е важно), пред некој ден беше објавено дека првите смартфони на отворање ќе чинат од 2.000 долари па нагоре.

Бескорисен како Андроид анти-вирус

Последната проверка на анти-вирус категоријата на Андроид покажала дека две третини од сите апликации на темава се комплетни измами.

Кинеската држава не може да го присили Хуавеи да остави заден влез во својата технологија

Додека американските технолошки компании пријавуваат проблеми со намалени приходи главно заради слабата продажба во Кина, кинески Хуавеи има проблем да стапне во САД исклучиво затоа што американската влада одлучи да забрани работење на компанијата на нејзината територија.

Батали електрични коли, ни требаат електрични авиони

Норвешка си зададе цел до 2040 сите домашни летови да бидат со електрични авиони и, да не биде ова обесхрабрувачки сфатено за нашата галопирачка имплементација на нови технологии, тоа е правецот во кој целата индустрија треба да се движи.

Компјутер ги победи најдобрите во Старкрафт 2

Компјутерот ДипМајнд убедливо исплескал двајца од најдобрите живи играчи на популарната стратегија Старкрафт. Ова е предизвик за младината уште повеќе да вежба, јер и сега малку го прават тоа.

Нешто од интересните новотии на ЦЕС 2019

Саемот за потрошувачка електроника бидна и за годинава, и стандардно донесе нова генерација на најразлични електронски производи што најочигледно ќе ти покажат колку многу е застарена опремата што ја имаш по дома.

„Виша сила“ е надминат концепт?

Терминот губи на значење во време кога знаеме дека човечкатa aктивност е онаа која ги предизвикува екстремните климатски појави.

Дали Гугл се спрема комплетно да го гаси Андроид?

Без многу галама Гугл вчера објави сите Андроид апликации, такви какви што се ќе можат директ да се користат на следната генерација оперативен систем на компанијата - Гугл Фјуша (Fuchsia). Да разјасниме, Фјуша не е апдејт на Андроид, туку целосно нов оперативен систем што може да работи на најразлични уреди.

Сите се експерти зошто крахираа акциите на Епл

Епл компјутерс инк. е основан на 3-ти јануари 1977. 42 години подоцна, Епл ја прославува својата годишнина со пад на вредноста на акциите од речиси 450 милијарди долари (за споредба колку што е вкупната пазарна вредност на Фејсбук), која трае од пикот во октомври минатата година.

Германија нема да го забранува Хуавеи, затоа што нема потреба

Германските регулатори се скептични околу повиците за бојкотирање на кинески Хуавеи што доаѓаат од Западниот блок затоа што до сега не постојат никакви докази дека компанијата би можела да ја употреби својата опрема за шпионирање во корист на Пекинг, објавува Шпигел.

Ал Гор: Технологијата за заробување на CO2 е глупост

Иницијаторот на последниот бран климатски активизам е оптимист дека човештвото ќе успее да ги достигне амбициозните планови за запирање на климатските промени но истовремено е скептичен кон технологијата која многумина ја сметаат за клучна во остварување на тие цели.

Евтино е Кинез да влезе, ама чини богатство за да излезе

Два канадски телекоми ќе треба да платат 1 милијарда долари за да ја извадат телекомуникациската опремата на Хуавеи што ја имаат инсталирано во нивните 5Г мрежи доколку канадската влада комплетно забрани користење на технологија од кинеската компанија.

Кина го пушти во погон првиот ТВ спикер од вештачка интелигенција

Спикерот работи за државната новинска агенција Синхуа, иако звучи крајно футуристички за сега вештачката интелигенција му е стигната само до ниво на компјутерски генерирана кукла.

Луѓе, да одмориме малку мозок

Британска екипа истражувачи неделава го пуштија најголемиот супер-компјутер на светот кој го ц'цкаат над 10 години а чија единствена задача е да го имитира човечкиот мозок и неговото функционирање. Да имаа при рака некој овдешен модел на пратенички мозок, многу порано ќе завршеа работа. 

Епл и Самсунг казнети заради намерно успорување на телефоните

Италијански суд ги казни првите со 10 а вторите со 5 милиони евра затоа што се докажа она што многумина и лаички го насетија: дека намерно се нудат апдејти кои ги забавуваат постарите телефони, само за да се натераат муштериите да купат нов модел. 

Европа им воведе квоти на Нетфликс и Амазон прајм

Нешто слично на правилото што кај нас заврши со пуштање македонска музика после 1 часот по полноќ, Европскиот парламент одлучи дека ако Нетфликс и Амазон сакаат да продолжат да работат во ЕУ ќе мора 30% од содржината да им биде европска.