Милијардерските пријателчиња Бил Гејтс и Ворен Бафет објавија дека заедно ќе градат нуклеарна електрична централа на натриум, во Вајоминг, на местото на еден речиси исцрпен рудник на јаглен.
Зад проектот кој ќе чини околу милијарда долари, стојат ТераПауер која Гејтс ја формираше пред 15 години и ПацифиКорп, во сопственост на Бафетовата Беркшир Хетавеј која во 2020 година имаше приход од 251 милијарда долари.
Малите но технолошки напредни реактори кои користат поинакви горива од традиционалните реактори некои ги сметаат за клучна технологија без штетни емисии која ќе ги пегла пиковите ево потрошувачката, слично на ветерните и соларни решенија.
Реакторот на Гејтс и Бафет ќе има електрична моќност од 350 до 500 мегавати.
„Мислиме дека натриумот ќе биде гејм-ченџер за енергетската индустрија,“ порача Бил Гејтс на медиумското лансирање на проектот во Чејен, Вајоминг.
Но, постојат експерти за нулеарна енергија кои предупредуваат дека напредните реактори носат поголем ризик од конвенционалните. Горивото за нив мора да биде збогатено на многу повисоко ниво отколку конвенционалното нуклеарно гориво, што доведува до тоа целиот тој ланец да биде атрактивна мета на милитантни лудаци кои сакаат да создадат нуклеарно оружје.