Компанијата се вика Епицентар и се бави со субдермални чипови големи колку зрно ориз. Таа веќе демонстрира колку е едноставно на човека да му биде ставен чип во кој ќе биде сместен неговиот ковид пасош кој лесно ќе биде прочитан од соодветен дигитален уред.
Освен ковид пасошот, имплантот може да содржи и канцелариски идентификациони податоци, слободни карти за возење во јавен превоз, пропусници за теретани, библиотеки...
„Телефонот може да остане без батерија но имплантот секогаш ви е при рака,“ вели човек од фирмата кој најавува дека за 10-15 години, луѓе со импланти под кожата ќе бидат вообичаена појава.
Чипот се внесува или на подлактицата или меѓу палецот и показалецот, на местото на кое проверувате колку печен го сакате бифтекот.
Имплантот лесно се вади, за стално или пак за да се набави некој појак чип.