„Ќе работиш на дефинирање на концептите на системско ниво, предлагање и истражување иновативни идеи и алгоритми, изведување комплексни системски симулации, дефинирање на платформи на рапидни прототипови кои ќе помогнат во докажување на твоите идеи и специфицирање на РАН протоколи и за следната генерација (6Г) на мобилни системи,“ се наведува во огласот за вработување објавен од Епл.
Освен одговорностите, Епл наведува дека вработениот ќе учествува во индустриски и академски форуми „пасионирани околу 6Г технологијата“.
На страна огласот, Епл минатата година го објави својот прв 5Г модел на телефон, меѓутоа најголемиот дел од неговите продукти и понатаму остануваат 4Г.
Масовна употреба на 6Г во најдобар случај би се случила најрано за околу една деценија. За сега целата 6Г технологија е стигната на „нешто повеќе од идеа“.