Кина ќе се откачува од американска технологија

Таинствен кинески државен комитет изработи листа на американска и странска технологија што државата треба да ја замени со сопствена и од сопствено производство, и тоа опфаќа сè од облак системи до микрочипови.

Работниот комитет за апликација на иновации во информациската технологија, добил задача од Пекинг да изработи збир на стандарди и да обучи персонал за работа со софтвер на кој му веруваат.

Планот на кој тие работат и го спроведуваат, предвидува тие да изберат од списокот проверени добавувачи и од нив да обезбедат технологија за чувствителни сектори од банкарство до дата центри кои чуваат државни податоци, пазар кој се проценува дека ќе вреди 125 милијарди долари до 2025.

До сега комитетот има пуштено покана до 1.800 кинески снабдувачи на компјутери, чипови, мрежна технологија и софтвер, а од пријавените стотици компании се сертифицирани како членови на комитетот.

За сега се знае дека секоја компанија која има повеќе од 25% странски капитал нема да биде сертифицирана од комитетот, а и за кинеските компании кои се излезени на странски берзи ќе има повисоки услови за пристапување.

Првата намера на планот е кинеската држава целосно да се потпира на сопствена технологија за сите ИТ потреби. Со ова значително ја унапредува својата безбедност, повеќе не зависи од странски добавувачи и од странски влади дали ќе воведат санкции или што и да по нивен мерак. Втората цел што се постигнува е значителен стимул на сопствената технолошка индустрија да постигне целосна само-доволност за најразлични компоненти кои не се произведуваат во Кина и на тој начин да избегнат санкции како оние што беа воведени од Трамп против Хуавеи.

„Кина сега се обидува да развие домашни технологии.

Овој план е многу сериозен бидејќи сега многу повеќе домашни компании ја споделуваат таа политичка цел, бидејќи никој не може да биде сигурен дека американските технологии можат да ја избегнат американската контрола на извоз,“ објаснува технолошкиот аналитичар од Гавекал Драгономикс, Дан Ванг.

Пример, големите облак-платформи како оние на Амазон, Микрософт и Епл, за да функционираат во Кина претходно мораа да влезат во партнерство со локална компанија од Кина.

Објаснувањето на експертите е дека американските политики и санкции кон кинеските производители се „директна причина што ја натера Кина да ја состави белата листа“, бидејќи американските санкции ја нагласиле итноста за Кина да инвестира во повеќе технолошка иновација и повеќе клучни технологии да се произведуваат локално.

23 ноември 2021 - 10:14