Можете ли да замислите аквадукт кој треба да се менува секои 18 месеци?

На античките научници, добар дел од денешната технологија би им изгледала блесаво. Затоа што во суштина, таа има малку допир со вистинските потреби и вредности а е главно диктирана од пазарот и потрошувачките потреби. А кога ќе споредиш некогашен катапулт и катапулт кој денес е направен, минатото одеднаш престанува да биде лесна мета за потсмевање.

Во древни Грција и Рим имале фасцинантни упади во области кои ги сметаме за ексклузивно модерни: роботика, нанотехнологија и сл. На пример, Грците имале само-движечка машинерија нарешена театар автоматон. Замислувале и робот ( бронзен Талос, создаден од Хефест односно од Вулкан, би патролирал по Крит и би фрлал камења по бродови кои се закануваат, сам одбирајќи ги метите). Во 4 век п.н.е, Аристотел ги антиципирал импликацииите од интелигентните машини па напишал „Ако секој инструмент може сам да ја заврши својата работа, на шефот нема да му требаат работници, ниту на господарот ќе му требаат слуги.“ 

Ласерот е измислен во 1960 година. Па сепак, во 214 п.н.е. Архимед ја прави првата верзија. Со метални стакла успева да фокусира сончев зрак способен да ги запали дрвените римски бродови кои напаѓале. Таква е приказната, која можеби е и апокрифна, но денешни истражувачи потврдија дека е можно со метални стакла да се концентрира сончев зрак доволно моќен за да гори дрво.  

Векови пред модерната технологија, римските мајстори успевале да бојат стакло со златни и сребрени честички со прецизност во нанометри, произведувајќи го фамозниот Ликургиски бокал кој е зелен или црвен во зависност од тоа како е осветлен.

На овие теми, разговор со професор по класични студии Сара Строуп, од Универзитетот на Вашингтон од Сиетл.

Професор Сидни Перковиц, за Наутилус: Терминот технологија го користиме секојдневно. Што тој збор или концепт им значел на античките Грци или Римјани?

 

Професор Сара Строуп: Технологија доаѓа од грчкиот τέχνη (техне), што подразбира уметност, вештина, и може да се аплицира на скулптури, металургија, секој метод или збирка правила за да се направи нешто. Латинскиот превod е ars од каде што доаѓа англискиот термин за уметност. Зачудувачки е што денес, технологијата и уметноста луѓето ги замислуваат како спротивставени концепти а во нивниот корен, се работи за едно исто.

Како се разликува античката од модерната технологија?

Иако сме технолошки многу понапредни, ние и денес не разбираме како некои нивни работи се направени. Главната разлика е што модерната технологија е движена од индустријата. Како резултат на тоа, таа не е дизајнирана да има некоја суштинска вредност - огромен дел од неа е банален - туку да одговори на конзумеристичките потреби. Затоа толку брзо застарува. Можете ли да замислите аквадукт кој треба да се менува секои 18 месеци?

Ние умееме да градиме издржливи технологии но технологиите од кои најмногу зависат денешните луѓе ги адресираат нивните стравови и егоизам. Да беа навистина неопходни, пазарот ќе инсистираше на нивна поголема трајност. Вака е само мода, а двигатели се пасивните потрошувачи.

Што студентите можат да научат кај вас?

Во некоја точка, сите паѓаат во егзистенцијална криза кога сфаќаат колку многу имаме изгубено од антиката и колку релативно малку има продуцирано модерниот период. Да, ние научивме да го контролираме електрицитетот но тие (античките научници) веќе развиваа модел на атом и мислам дека не беа предалеку и тие да успеат да ја контролираат електричната енергија.

Како дел од курсот, вашите студенти градат антички уреди, како катапулти и слично. Што ќе научат од тоа?

Како прво, сфаќаат колкав дел од инженерството, од антика до денес, се однесува на убивање луѓе. А најбитно е да научат колку е тешко да се изградат тие справи. Минуваат девет недели во градење катапулт, имаат пристап до богато опремена работилница и електрични уреди, можат да користат и најлонски жици, па сепак, нивниот катапулт ќе префрли едвај три метри. Одеднаш, минатото не изгледа така лесно за потсмевање. 

Како ја сфаќате важноста на историјата?

Историјата е сообраќајна мапа и ако не ја проучувате, тоа е исто како пред себе да имате само парче бела хартија на која пишува „Ти си тука“. Колку повеќе ја знаеш историјата, толку поголема е мапата. Колку поголема е мапата, толку повеќе знаеш од каде доаѓаш и каде одиш.

Честопати потсетувате дека древните Грци користеле рециклирачки материјали, како бронза, на пример. Што тие би помислиле за нашата денешна зависност од пластиката, материјал кој еднаш се користи, се фрла ама никогаш не го снемува?

Би биле стаписани.

12 јуни 2019 - 15:49