Свет

Кога влада станува многу влада?

Вашингтон пост викендов објави текст за промените што Обама ги има направено околу ветеното намалување на администрацијата, поточно нивниот неуспех. Колку за претстава, американската администрација има повеќе вработени отколку што има жители во 24 сојузни држави.

Луѓето со диплома за пиво

Како што секој скап ресторан (низ свет) има сомелиер, експерт за вино кој ќе ви каже кое вино најдобро за со вашиот оброк, наскоро ќе може да има и цицерон, исто како сомелиер ама на тема пиво.

Кога САД навиваше за хемиски напади

Америка почнува да ги турира бомбардерите за напад врз Сирија, згрозена од хемискиот напад на Асад, оценет како "најголем по оној на Ирак врз Иран и Курдите". А тој, Садамовиот, го има помогнато ЦИА.

Краток водич за Средниот Исток

Ситуацијата таму изгледа комплицирана. За сите што мислат дека е лесно да се одбере кои се добри а кои лоши дечки, еве мал драфт за тоа кои се актерите и какви им се односите.

Рафаели го брани Израел од Роџер Вотерс

Во 2011-та Бар Рафаели беше воодушевена кога како публика на концерт на Пинк Флојд се виде себе си на слика на бината. Две години подоцна и еден балон во форма на свиња со Ѕвездата на Давид, Рафаели не сака ништо да има со Роџер Вотерс.

Сирија ја чека косовско решение?

Затоа што расправата во О.Н. околу Сирија е на слично ниво како на времето со Србија (САД сакаат да бомбардираат, Русите не даваат да се мрдне), администрацијата на Обама ја разгледува опцијата работата да се заврши со бомбардерите на НАТО. Целата ситуација се вжешти по неодамнешниот хемиски напад во Сирија, слично како што работите во Србија се вжештија по масакрот во Рачак.

НСА поштено им платила на Гугл и Фејсбук за шпионирањето

Откако биле покриени правните (и морални) основи за предавање на сите можни информации околу приватниот живот на твоите корисници на главната шпионска агенција во земјата, технолошките компании, меѓу кои Фејсбук, Гугл, Јаху и Микрософт, добиле и финансиски надомест од НСА.

Приемен со тестови за девственост

Град во Индонезија од следната година планира да воведе тест за невиност како еден од предусловите за сите девојчиња што сакаат да се запишат во средно училиште.

Како лошата исхрана го оштетува вашиот мозок

Откако ќе се здебелите во некои делови од вашиот мозок се случува "државен удар" и повеќе не можете сами на себе да си верувате околу апетитот, гладта и дали сте најадени.

Списокот со желби на најбогатиот 1% од Кинезите

Секоја нова генерација на богаташи има свој фетиш на кој сака да ги троши парите. Во 80-те, Јапонците се палеа на купување на Рокфелер центарот, во 90-те Русите сакаа да купуваат секакви недвижнини низ Европа, минатата деценија принцовите од Емиратите градеа скијалишта низ пустини. Сега е ред на Кинезите.

Денот на претерување

Годинава Денот на претерување дојде 2 дена порано отколку во 2012-та. Ова е денот во годината кога луѓето почнуваат да трошат повеќе ресурси отколку што Земјата таа година успеала да произведе.

....сланина не мојме

Баш убаво од затворските власти од Тексас што решиле да одвојат 750.000 долари за на свињите во затворските фарми да им биде ладничко. Само што, во меѓувреме затвореници им умираат од жештини по ќелиите.

Ирокезите не се предаваат

И покрај исцрпувачките судски порази, Ирокезите порачуваат дека нема да се откажат од своите битки. Заради децата. И благодарејќи на тоа што во нивниот кодекс, кога носи одлука, поглавицата треба да мисли на следните седум генерации.

Турчинот што полугол скокаше во авионот на Меркел

Германската полиција уапси бодибилдер, по потекло Турчин, кој под дејство на неколку дроги си правел мераци во и по службениот авион на Ангела Меркел.

Кинески пркос

"Куќа од клинци" е кинескиот израз за сите оние семејства кои изминативе неколку години решија да се спротивстават и да не мрднат од својот имот, без разлика на тоа каков проект таму предвиделе властите и градежниците.

Колку исклучоци прават правило?

Барак Обама уверуваше дека сите прислушувања на НСА откриени од Сноуден се воделе според законите и стриктните процедури. Самата НСА инсистираше дека остапувањата од прописите се безначајни и се должат главно на компјутерски грешки. Да зумираме во бројките.  

Купувајте поскапо

За да и даде полет на домашната економија, францускиот претстедател лани започна камапња за купување домашни производи. Оние што го послушале, секој месец се пократки за 300 евра.

Ало, ЕУ

Тешко луѓето да се убедат дека живеат во единствен пазарен амбиент ако од една до друга земја, цената што ја плаќаат за иста услуга се разликува преку 700 посто. Зборуваме за мобилната телефонија. 

Не е дека Господ нема смисла за хумор

На 26-ти јули британската лотарија дели премија од 100 милиони фунти и тоа на 100 различни луѓе. Сега се мачат сите да ги соберат.

Ај малку обратно?

Вашингтон нема да му даде азил на човек кој на јавноста и открил докази дека Русите со шпионирање масовно кршат човекови права?

Дури и Северна Кореја е ужасната од кинески туристи

Да ги напнеш сите можни туристички работници од Египет до Вашингтон само по себе е сериозен успех, ама да не те можат во Северна Кореја е многу блиску до епохален подвиг.

Берлускони ќе пази наркомани?

Иако беше прогласен за виновен по неколку основи, Берлускони нема ниту еден ден да мине во ќелија заради законот кој предвидува сите осуденици постари од 70 години да не одат во затвор. Ова не значи дека поранешниот премиер само ќе седи по дома.

ФБИ може да го прислушува кој било Андроид во светот

Техниката што ја користи ФБИ не се однесува на слушање на разговорот што го правите мобилен, туку на активирање на микрофонот на вашиот Андроид телефон додека тој (да речеме) ви стои на маса.

Арам за кроасанот

Сириските бунтовници познати и по тоа што чат-пат ќе им протече некое видевце во кое некому сечат глава, решија дека во моментов постои ургентна потреба да се проговори против "колонијалното" пециво наречено кроасан.