Свет

Ја мислев пијачка и кобасици, а оно 2 милиона долари

Поранешен руски министер за економија, обвинет за изудување поткуп, на судот рече дека се работело за обично недоразбирање што тоа има во заклучената торба која ја примил како подарок.

Премиерот кој одработи ноќна смена во фабрика

За да покаже солидарност со работниците, словачкиот премиер одработи трета смена на подвижна лента во фабрика. Неговиот нов предлог за плати ги излудува работодавците.  

Кој Американец ќе заврши како Ратко Младиќ?

Воениот лидер на босанските Срби го доби заслуженото за сите несреќи и ужаси кои ги предизвика неговиот начин на војување. Истиот тој начин на војување, во овој момент се спроведува на еден друг крај на светот, активно помогнат од Соединетите Американски Држави.

Џорџ Сорос и неговите 226 ЕУ јатаци

Како се контролира Европа со помош на посредници, пишува хрватскиот магазин Advance по повод неодамна објавениот список на Институтот за Отворено општество на кој се наоѓаат пратеници на европскиот парламент кои организацијата на милијардерот ги смета за луѓе од доверба.

Зимбабве меѓу метузалемот и крокодилот

Иако во Зимбабве во моментов владее тотална конфузија околу статусот на Роберт Мугабе, извесно е дека ни тој ни неговата амбициозна сопруга нема да ја водат земјата. Пред да му се израдуваме на братскиот народ што се ослободи од диктаторот кој 37 години се залепи за лидерската фотеља, да видиме кој тоа го наследува.

До крајот на годинава во Јемен ќе умрат 50.000 деца

Во земјата зафатена со глад, колера и граѓанска војна се случува незапамтен помор на дечиња. Нивната смрт е уште побесмислена затоа што може да биде спречена. Ама, клучот е во рацете на најверниот сојузник на Запад, Саудиска Арабија.

Лајачот отиде во Кина и почна да мјаука

Доналд Трамп им се испружи на Кинезите, се откажа од американските вредности, звучеше како никогаш во последниве години и му се поплука на првиот амандман на нашиот устав. Вака „Салон“ ја сумира првата посета на американскиот претседател на земјата која долго ја таргетираше како главен непријател. 

Германската армија планира за распаѓањето на ЕУ до 2040

Таен документ на германската армија од 102 страни предвидува дека Европската унија може да се фрагментира и распадне за нешто повеќе од 20 години од сега.

Почна големата шведска преселба

Пред некое време објавивме дека Швеѓаните се подготвуваат за преселба на цел град откако открија дека повеќе децениското копање руда под него предизвикува физичко пропаѓање на градот во земја. Од подготовки сега се префрлија на засукување ракави и почнаа да креваат.

Потсетување: В сабота почнува граѓанска војна во САД

Бидејќи никогаш не ве потсетуваме за тоа стрелките, саат напред, саат назад, еве ова, колку и ние за нешто да ве потсетиме.

Кога шефот вика фосилно, фосилно ќе биде

За да му удоволи на својот шеф и неговата опсесија дека ќе зачувува рударско-топилничарски работни места на поштениот американски работник, првиот човек на американската енергетика успеа да најде уникатен аргумент во полза на фосилните горива: намалувале сексуални напади.

Нападот во Менхетн: Луѓе мислеле заебанција за Халовин

Најмалку 8 лица се мртви и 15-тина се повредени кога човек со камионче влетал на велосипедска патека и почнал да гази. Сведоци помислиле „добра заебанција“, сè додека не почнало да се пука.

Шведска гради засолништа, за комшиите да нè станат нервозни

Стравувајќи од руски напад Шведска планира изградба на дополнителни 50.000 засолништа кои по технички спецификации би требало да вршат работа и за нуклеарен напад.

Човекот на Трамп обвинет за заговор против САД

Обвиненијата против шефот на кампањата на Доналд Трамп носат десетици години затвор. Не се директно поврзани со сомневањата на односите меѓу Трамп и Русите но ова е досега најблиското стегање на обрачот околу актуелниот претседател.

Шпанскиот обвинител ќе бара 30 години затвор за Пучдемон

Јавниот обвинител на Шпанија обелодени дека неговата служба ќе подигне три обвиненија за распуштената каталонска влада предводена од Пучдемон. Делата за кои ќе се товарат сецесионистите носат затвор до 30 години.

Либија некогаш копаше нафта, денеска бунари за вода

Некогаш беа најбогати луѓе во Африка и имаа бесплатно здравство и школство. Не само што немаа долгови кон странство, туку со стотици милијарди инвестираа и во западниот свет. Денеска жителите на главниот град на Либија ги кршат тротоарите за да бушат бунари и да дојдат до вода.

Каталонскиот парламент прогласи независност од Шпанија

Во исто време додека Мадрид се подготвуваше да наметне централна власт врз регионот, парламентот на Каталонија изгласа независност од Шпанија.

Каталонците отсекогаш биле различни, но како се најдоа во Шпанија?

Што и да направи владата во Мадрид, чувството на одделност кое го имаат голем број Каталонци во однос на Шпанците со кои ја делат државата нема да исчезне. Затоа што тоа не исчезнало и претходно, во годините на долгата шпанска репресија.

Ништо нема да освоите додека не го баталите неолиберализмот

За време на говорот на конференцијата во Брисел на европски централно-леви партии, Џереми Корбин два пати доби стоечки аплауз од публиката. Публиката доби две главни насоки за правецот во кој во иднина треба да се движи левицата.

САД: Израел убер алес

Американските компании кои ќе сакаат да учествуваат во обновата на Тексас по последниот разурнувачки ураган, освен вообичаените тендерски услови ќе имаат и еден невообичаен. Ќе треба да се заколнат дека нема да го бојкотираат Израел.  

Гнасни лаги талибански

За Канаѓанецот кој минатата недела заедно со своето семејство беше ослободен по 5-годишно заробеништво во Авганистан, една од најтешките работи да поверува додека е во заточеништво е дека Трамп е претседател на САД.

Зошто либералите толку се палат на војни?

Долгогодишната хистерија околу Русија, грижливо потпалувана од американските меинстрим медиуми и од НАТО пропагандата, ги втурна Американците во милитантно расположение, правејќи ги спремни „да се борат и да загинат“ за прекуоекански земји за кои до вчера немаа ни слушнато.

Што, поверувавте дека Лукашенко за ЕУ е диктатор?

До вчера просто се тркаа кој почесто ќе го нарече „последниот европски диктатор“. Сега му посакуваат добредојде на самитот на кој ќе се негуваат економските интеграции и европските вредности.

Можно е Тесла да прави нова електрична мрежа за цело Порторико

Речиси цело Порторико со недели е без струја по беснеењето на последниот ураган. Кога веќе електричната мрежа е уништена, зошто таа да не се прави по ново?