Депортирање во празно

Состојбата со депортации во Германија е следна: има 17% повеќе наредби за депортација, ама над 50% од тие што треба да бидат депортирани исчезнуваат.

Во мај германските властите не можеле да спроведат над половина од наредбите за депортирање затоа што луѓето не можеле да бидат најдени. Велт објавува дека ваква е состојбата уште од почетокот на годинава, па од речиси 24.000 луѓе на кои во првите 5 месеци им било наредено да се вратат во својата татковина, биле спроведени само 11.000 депортации.

Од 12.800 депортации што не успеале, кај 11.500 проблемот било што човекот не можел да биде најден на „домашната адреса“ на денот на депортирање. Кај 500 случаи депортацијата била откажана заради „активен или пасивен отпор,“ а останатите не успеале заради „различни причини“.

Најверојатно да се противат на депортација биле луѓе од Нигерија и Гвинеја, над 60% од бегалците од овие земји. Кај Сомалијците било 50-50, а кај Сиријците се противеле или избегнувале депортација околу 40% од бегалската популација.

Федералните власти за неуспешноста ги укорија локалните власти и побараа тие подобро да си ја вршат работата, затоа што федералната полиција не може да интервенира на секој втор бегалец кој решил дека не сака да биде депортиран. Еден од нивните предлози е и повеќе да се користи „притворот за депортирање“.

16 јули 2018 - 15:14