Две-третини од Турците што гласале во Германија својот глас го даваат за Ердоган, кој победи со нешто помалку од 53% од гласовите.
Дилемата на Зидојче Цајтунг околу нивните сограѓани со турско потекло е не само што тие го гласаат Ердоган, кој како човек што 15 години ја води Турција (те како премиер, те како претседател) има доволно големо портфолио на неуспеси, грешки и пропусти, туку и најискрено го обожуваат човекот.
„Аурата на Ердоган како човек од народот кој од продавач на ѓевреци се има изборено за да стигне до позицијата претседател на Турција можеби е малку расклатена, но и понатаму функционира. За голем број гласачи, надежта за културолошко себе-наметнување очигледно е поважна отколку растечката цена на кромидот.
Турците во Германија беа опкружени со дебати околу идентитетот: Дали Исламот е дел од Германија? Треба ли двојното државјанство да им биде одземено на Турците кои гласаат за АКП (партијата на Ердоган)? И сред овие вжештени дебати, многумина избраа пркос - ’Кога веќе велите дека не сме едни од вас, тогаш ќе го избереме лидерот кој најмногу го презирате,’“ пишува Луиза Силинг во текстот за Зидојче Цајтунг.