Серијата „не ме занимаат мигранти“ предупредувања започна откако се појавија детали од новиот ЕУ договор за миграција според кои лидерите на Унијата ќе сакаат да изградат центри за барателите на азил во „земјите партнери“ од Блискиот Исток и Африка.
Првиот човек на египетскиот претставнички дом, Али Абдел Аал, за Велт изјавува дека „ЕУ центрите за прием на бегалци во Египет би ги нарушиле законите и уставот на земјата.“ Аал истовремено е и еден од ко-авторите на египетскиот устав од 2014.
Освен уставната експертиза Аал потсетува дека во Египет „веќе има околу 10 милиони бегалци од Сирија, Ирак, Јемен, Палестина, Судан, Сомалија и останатите држави,“ и дека тие се сериозен товар за државата бидејќи на сите баратели на азил им следува бесплатна здравствена заштита и образование.
Слично фала-што-се-сетивте-на-нас-ама-не-мораше за ЕУ дојде и од првите луѓе на Албанија, Мароко, Тунис и Алжир. И не, немаме заборавено ниту една земја во списокот.
Во меѓувреме во Македонија