Турција од 2002-ра во проектот има инвестирано 1,25 милијарди долари и планира да купи 100 авиони.
„Ако турскиот синџир на снабдување денес биде нарушен, тоа ќе резултира во прекин на производството на авионот, одложувајќи испорака на 50 до 75 Ф-35 авиони, за кои ќе бидат потребни 18 до 24 месеци за повторно добивање на деловите и продолжување на производството,“ пишува Џон Матис во своето писмо до Конгресот.
Планот на Пентагон е да бидат произведени вкупно 2.456 авиони Ф-35, и се очекува сојузниците на САД да купат стотици од овие авиони за сопствените потреби. Освен набавката, во проектот за производство и покривање на трошоците за Ф-35 учествуваат 8 држави.
Укорот и можната блокада на продажбата на Турција се должи на турските планови да купат руски С-400 одбранбени системи. Слично предупредување за Турција дојде и од НАТО од каде порачуваат на „неизбежни последици“ за Турција доколку го купи одбранбениот систем од Русија.
Турците објаснуваат дека решиле да го купат рускиот систем само затоа што НАТО сојузниците одбиле да и продадат на Турција западни одбранбени системи.