Весникот пренесува дека високи функционери од трите арапски држави му пренеле на Израел дека Турција „го шири своето влијание во арапските населби на Ерусалим,“ што според функционерите е „дел од обидите на турскиот претседател да се наметне над проблемот со Ерусалим.“
Јорданските функционери наводно биле вознемирени од бавниот одговор на Израел кој го опишале како „спиење на волан“, посебно по потпишувањето на договорот за помирување (меѓу Фатах и Хамас), кој Израел е должен да го одржува.
Палестинските функционери биле загрижени околу напорите на Турција да има влијание врз Источен Ерусалим, што доаѓа во форма на донации за исламистичките организации во арапските населби или преку организирани тури од турските муслимански групи со блиски врски до владејачката партија на Ердоган.
Одговорот што весникот го добива од израелски извори е дека тие се свесни за растечкото влијание на Турција, и дека повеќе од една година ги следат напорите на Анкара.
Израелските безбедносни сили за Хаарец изјавуваат дека ваквата ситуација својот пик го достигнала во 2017 кога стотици турски државјани почнале „да имаат редовно присуство во и околу градот“, притоа се повеќе судирајќи се со полициските сили за време на петочните молитви во ал-Акса џамијата.
„Се обидуваат да купат недвижности и да ја засилат својата политичка позиција. Тие исто така се проблем за палестинските власти, кои не сакаат друга држава да биде одговорна за Источен Ерусалим,“ изјавиле за весникот неименувани извори од израелските безбедносни сили.
Додека грижата на Јордан е Турција да не им ја одземе позицијата на покровител и заштитник на третото по светост место на Исламот, за Саудијците проблемот е што амбициите на Ердоган можат да му помогнат тој кај муслиманите и Арапите да развие имиџ на единствен лидер кој вистински им се спротивставува на Израел и Трамп.