Една е мајка, и не планира да оди во дом за старци

92-годишна Американка деновиве го застрелува и убива својот син само за да избегне да биде сместена во дом за старци.

Ана Мае Блесинг

Во обвинението за убиство, се наведува дека Ана Мае Блесинг со денови размислувала за плановите на својот 72-годишен син да ја исели од нејзиниот дом.

При апсење Блесинг изјавила дека планирала и самата да се убие. Кога полицијата ја вади од дома, Блесинг наводно рекла „ти ми го одзеде животот, па и јас го одземав твојот.“

Убиениот син сакал да ја испрати жената во дом, бидејќи таа станала „тешка за да се живее со нејзе.“ Во соопштението од полицијата се наведува дека 92-годишната старица скрила 2 пиштола во својата наметка пред да се соочи со синот во неговата спална соба. За време на расправата која се развила таа извадила еден пиштол, кој го купила во 1970-те, и пука во него.

Жртвата е најдена со две прострелни рани во вратот и вилицата.

Во спалната била и 57-годишната девојка на синот на Блесинг, која се нафрлува на старицата и успева да и го оттргне пиштолот, по што се јавува во полиција.

5 јули 2018 - 14:54