Отпадот кој сега се истоварува на доминиканските плажи е дел од Големото пацифичко парче отпад, купиште пластичен отпад кое веќе неколку децении плови низ Пацификот. Претпоставената големина на парчето е меѓу 700.000 и 1,5 милион километри квадратни.
Само изминатата недела работниците собираат 60 тони отпад насукан на плажата Монтесино во главниот град Санто Доминго.
Феноменот не е врзан само за Доминикана, туку зафаќа и голем број островски земји во околината.
„Парчето“ е комплетно човечки производ и е последица како на фрлањето отпад во САД, така и од невниманието на локалците кои сопствените реки ги доживуваат како проточна депонија, па најголемиот дел од ѓубрето преку реките завршува во океанот.
Како посериозен чекор кон решавање на проблемот се предлага забрана за користење на пластики кои се за една употреба.