Свет

Иран и Европа, кои им се опциите?

Одлуката на Трамп да го прекрши и еднострано да се повлече од иранскиот нуклеарен договор е одлука со најдалекусежни последици која тој досега ја има донесено. Таа ќе повлече големи економски последици врз Иран, врз глобалната трговија со нафта, ќе ги усложни односите на САД со европските сојузници а можно е Иран да реши нуклеарно да се опушти па да стане ептен 'весело'.

Не е сеедно кога се работи за јазикот

Францускиот претседател е гневен што и покрај брегзит и покрај сите негови лични напори, англискиот ќе остане главен јазик во повеќејазична ЕУ и по заминувањето на Англија и остатокот од Британија.

Северот доби УСБ од Југот

На УСБ-то што Ким Јонг-ун го добива од јужнокорејскиот претседател има презентација и е-книга со нацрт како Северна Кореја повторно да се поврзе со остатокот од светот.

Челичната дама на Турција

Мерал Акшенер во 1990-те е министерка за внатрешни работи на Турција, речиси 8 години има стаж како потпретседателка на турскиот парламент, а откако во 2016 успева да го собори претседателот на својата матична партија, во 2017 решава да основа сопствена партија исто така десничарска партија, и моментално е единствениот претседателски кандидат кој има кредибилитет да го порази Ердоган.

Украински дабл-дабл за Трамп

Украина ја прекина истрагата околу Пол Манафорт, еден од главните осомничени од Роберт Мулер за руското мешање во американските избори, откако претходно администрацијата на Трамп одлучи на земјата да и продаде оружје за нејзиниот конфликт со Русија.

Како пропаѓаат богатите? Не пропаѓаат, се ребрендираат

Пред вчерашната вест дека Кембриџ аналитика засрамена од медиумите и напуштена од клиентите решава да затвори дуќан, е веста од средината на март дека некои од главните ликови во Кембриџ аналитика пак се погодиле да бидат во иста фирма со горе доле иста дејност која е отворена во август 2017.

Фајронт за Кембриџ аналитика

СЦЛ групацијата започна процедура за затворање и прогласување банкрот на компанијата ќерка Кембриџ аналитика, заради скандалот со искористување на податоци и некоректно однесување за време на американската претседателска кампања во 2016.

САД и Авганистан: напред, назад, нема где

Во последниот бомбашки напад од пред два дена во Кабул и Кандахар загинаа над 50 лица, и кога тоа се случува по 16 години воено присуство на САД во земјата процената е дека светската супер сила се наоѓа во ситуација во која ниту може да ја добие војната, ниту да ја запре, ниту пак може да замине.

Американски судија бара Иран да им исплати 6 милијарди долари на жртвите од 11 септември

Секое семејство на загинатите од 11-ти септември треба да добие по 12,5 милиони долари за сопруг/а, 8,5 милиони долари за родител, 8,5 милиони долари за дете и 4,25 милиони долари за брат / сестра. На ова е плус и годишна камата од 4,96% која им се брои од 11 септември 2001 до денес.

Трамп: ЕУ е создадена за да го искористува САД

Откако првично ја поштеди ЕУ од тарифите што и ги воведе на Кина, Трамп деновиве на митинг пред своите симпатизери изјави дека веројатно и Унијата ќе добие тарифи, затоа што глуми дека е фина, а цело време ги искористувала Соединетите држави.

Ким Јонг-Ун: оставете ме на раат и ќе бидете раат од мене

Претседателот на Северот на својот колега од Југот му порачал дека комплетно ќе се откаже од нуклеарното оружје ако САД и формално потпишат крај на Корејската војна и дадат ветување дека веќе никогаш нема да ја нападнат Северна Кореја.

Берни Сандерс ја освојува Демократската партија

Иако првично беше оцрнуван како чудак, радикал или заскитана појава, храбрите предлози на Берни полека стануваат мејнстрим меѓу Демократите во САД. Се чини дека победата на Трамп полека ги освестува во партијата, само што, ухлебените гавази во нивните штабови уште не се даваат.

Саудиска Арабија спровела 48 отсекувања на глави во првите четири месеци од 2018

Од 48 егзекуции во последните 4 месеци (по 12 месечно, или 3 неделно), половина се заради не-насилни кривични дела поврзани со наркотици, тврди Хјуман рајтс воч.

Детето кое нема да стане заштитниот лик на војната во Јемен за милиони луѓе на Западот

Во една ужасна глетка по бомбардирањето на свадба во Јемен од страна на Саудиска Арабија, мало дете грчевито се држи за мртвото тело на својот татко сред урнатините. Ама можеш да ставиш кладба дека тоа нема да стане ликот на војната во Јемен во меинстрим медиумите, пишува Александар Антонов во РТ.

Телохранителот на бин Ладен социјален случај во Германија

По барање на крајно десната Алтернатива за Германија, германските власти објавија информација дека мажот познат како Сами А. кој има работено како обезбедување на бин Ладен, се уште живее во Германија и добива социјална помош од земјата.

Како е уапсен човекот што во Торонто уби 9 луѓе со комбе

Сето ова да се случуваше малку појужно ќе имаше најмалку уште 100 вооружени полицајци и најмалку уште еден мртовец, застрелан најверојатно од сите 100 претходни.

Светската банка предлага укинување на минималната плата

Намалување на регулацијата која ги штити работничките права е неопходен услов работниците да не станат прескапи па капиталистите да решат да тргнат кон нивна елиминација. Ова е последниот скандалозен предлог на институцијата задолжена за одржување на кредитното робовладетелство на најсиромашните земји во светот.

Кратка е раката на државјанството

Почитувајќи ги нормите на својата вера и родна земја, Алжирка одбива да се ракува со службеникот кој ѝ го предава новото француско државјанство. Франција ѝ порачува: Така во Алжир, не овде.

Јутјуб скот на суд

Јутјубер е на пат да добие 2-годишна казна затвор, откако како дел од „пранковите“ за видеата на својот канал на бездомник му дава Орео колаче полнето со паста за заби. Притоа резонирањето на 20-годишникот е „гледај на позитивната страна, ова ќе му помогне да си ги исчисти забите.“

Демократската партија поднесе тужба против Русија, кампањата на Трамп и Викиликс

Мултимилионската тужба поднесена во судот во Менхетен обвинува дека претставници на кампањата на Трамп соработуваат со руската влада и нејзиното воено разузнавање за да и наштетат на Хилари Клинтон, преку хакирање на компјутерскиот систем на демократската партија и ширење на материјалите што таму биле откриени.

Што прочитаа британските парламентарци за она што го направија во Либија?

Британскиот парламентарен совет со петгодишна дистанца го имаше обелоденето извештајот во кој конкретно се наведува она што на многумина им беше јасно уште во 2011 година: дека оправдувањата за интервенцијата беа булшит, а таа беше изведена на основа на погрешни претпоставки што ја дефинира како странска воена агресија врз таа јадна земја. Ќе читаме заедно британски официјални документи?

Шведска има проблем со - рачни бомби!?

63-годишен Швеѓанец во јануари годинава загина враќајќи се дома од работа, откако на велосипедската патека наиде на оставена рачна бомба. Тој од прва не го препознава предметот и само што го крева му експлодира и инстантно го убива.

Джордж Роджер Уотерс, за Сирија

Роџер Вотерс накратко го прекина својот концерт во Барселона за да каже што мисли за Сирија и за потребата пред да се бомбардира некој, прво темелно да се утврди што навистина се случило таму. Ги спомна и „белите шлемови“, кои ги имавме и ние во оној наш пресек што непотребно ги вознемири китовите на македонското натоумие.

Ако се спасиме од пластиката ќе биде заради грешка

Тим научници создаде ензим која се храни со пластични шишиња. Важно е да се напомене дека терминот „создаде“ тука е употребен многу либерално.