Операцијата ја спроведуваат 1.200 ревизори кои следат трошење од воена опрема и системи, до плати за воениот персонал и купување имот.
Околу сето ова заменик-министерот за одбрана на САД, Патрик Шанан и крајно искрен:
„Паднавме на ревизијата, ама никогаш не ни очекувавме дека ќе ја минеме.
Ова беше ревизија на организација од 2700 милијарди долари, па самиот факт дека сме направиле ревизија е значителен“.
Воениот буџет на САД за 2018 (фискалната година им завршува на 30-ти септември) изнесуваше околу 700 милијарди долари.
Шанан во разговор со новинарите не дал бројки за тоа за колку пари фалат сметкопотврди во министерството, ниту пак што ќе бидат последиците од неуспехот на ревизијата.
Инаку со закон до 1990-та сите државни органи на САД мора да минат ревизија. По речиси 30 години, Пентагон одлучи првата ваква ревизија да ја започне во декември 2017.