Човештвото не може да се договори околу миграцијата

Словачка стана 8-та земја од ЕУ која најави дека нема да го потпишува тн Глобален компакт за миграција, една рогобатен документ изработен под капата на ОН чии противници сметаат дека е опасен вовед во цензура: говор против миграцијата може да се квалификува како кривично дело а медиуми да бидат затворани на таа основа. Еден естонски актер навежбан на Шекспир го читаше целиот документ и тоа траеше повеќе од два часа.

* Зборува Марсел де Грааф, член на Европскиот парламент од редовите на холандската Партија на слободата.

*****

Откако против се произнесе и словачкиот премиер, сите држави од Вишеградската група го одбија Глобалниот документ за миграција кој е планирано да биде потпишуван на конференција на ОН во Маракеш, закажана за 10-ти декември. 

Претходно, 193 земји, со исклучок на САД, го рарификуваа документот но отпосле се создаде силен блок кој во него наоѓа сомнителни решенија за односот кон миграцијата.

Во рамките на ЕУ тоа се Словачка, Чешка, Полска, Унгарија, Австрија, Хрватска и Бугарија а Словенија најави дека нема да праќа свој претставник во Маракеш.

Надвор од Унијата во која проблематична е и Белгија поради еден коалиционен партнер, Австралија, Швајцарија и Израел изразија сомнеж и планираат да не го потпишат договорот.

А една естонска телевизија решила своите гледачи детално да ги информира па најмила искусен професионален актер да го прочита целиот документ кој содржи 114 секции. Му требале 2 часа и седум минути да го прочита целиот документ по што Герт Раусеп, целиот исцрпен, рекол дека досега немал толку тешка задача во животот.

Ако баш ве занима тоа целото, на естонски, тука

 

26 ноември 2018 - 15:36