Матис за АП како основа на својот став потсетува на ситуацијата од 1916 кога американската армија регира заради напредокот на мексиканскиот револуционер Франциско Панчо Виља.
Иако добро стои со историските аргументи, послаба страна на Матис се финансиите па се уште нема претстава која е крајната сума за поставување на американските војници на границата, aма чека да му пуштат сметка.
На границата со Мексико веќе има 5.800 американски војници кои треба да ги завршат сите задачи што ќе ги добијат од Агенцијата за царина и заштита на границите, како и она што ќе им стигне од Пентагон.
Иако распоредувањето нема краен рок не се очекува тоа да биде подолго од 15-ти декември.
Освен 5.800-те војници, на границата со Мексико испратени се и 2.100 припадници на националната гарда, а причина за нивниот ангажман е караванот со мигранти кој доаѓа од Латинска Америка.
Моментално САД во Ирак имаат не повеќе од 5.500 војници.