На земја која ти дава пари, нè и се гледа во заби

Кинескиот економски развој и нивните сè помасовни инвестиции во други држави полека го стишуваат некогаш гласниот глобален критицизам за состојбата на човековите права во таа земја. 

Кина продолжува на свој стандарден начин да ги замолчува сите кои не се согласуваат со официјалната политика и идеологија а истовремено држи еден милион муслимани во таканаречени кампови за ре-едукација. Па сепак, во пресрет на најновиот извештај на Советот за човекови права на ОН, се чини дека расположението е такво што повеќе земји се спремни да ѝ аплаудираат отколку да ја критикуваат. 

„Влегуваме во една лоша фаза во која не само што ќе видиме колку малку земји се подготвени да ја критикуваат Кина туку колку од нив се спремни да ѝ бидат чир-лидерка“, запрепастено ќе каже Американката Софи Ричардсон која раководи со кинеската филијала на Хјуман Рајтс Воч.

На пример, Пакистан и Казахстан се директно засегнати бидејќи нивен народ, Ујгурите, се задржуваат (и практично чипираат) во контроверзните кинески кампови за политичка индоктринација. Но, истовремено тие две земји се дестинација на сериозни кинески инвестиции. Резултат на тоа: во последниов извештај на Хјуман рајтс во кој 150 земји имаат дадено некои свои забелешки, нема ниту критика од Пакистан или Казахстан на кинеска адреса.

„Ако било која друга држава кредибилно беше осомничена дека задржува еден милион муслимани, ќе имавме дебата во Советот за безбедност, барања за меѓународна истрага. Ама бидејќи Кина е токму влијателна и во ОН и надвор од неа, изгледа Кинезите лесно ќе поминат преку ова,“ се пожали Ричардсон.

Американците - особено под Трамп кому Кинезите му се главен гео-стратешки проблем - се посебно незадоволни што Европа не зазема поцврст кон Пекинг, во смисла на санкции и слично. Од друга страна, во рамките н ОН Кина има изградено сериозно голем блок од сојузнички земји во кои инвестира големи пари. Главно тоа се земји во развој со ниска точка на топење пред притисоци, односно земји на кои нивниот економски опстанок и развој им е побитен од некакво терање принципи околу човекови права.

Затоа, таквите инвестиции во кои парите треба да ги замолчат принципите и да изнудат политичка понизност, често се нарекуваат со вистинското име: нова форма на колонијализам, тоест нео-колонијализам.

А тоа не е убаво, нели?
 

******
* За темпото на кинескиот економски развој во последно време, набрзинка (1:44) - тука

9 ноември 2018 - 13:25