ПЕТА резил ти ќе бидеш

Организацијата која е во мртва трка сама со себе во бламирање и апсурдност, бара промена на името на британско село старо десетина векови за подобро да им легне на агендата што ја тераат.

Активистите на ПЕТА го прогласиле името на селото Вул (Wool - волна) за „навреда за овците низ цел свет“ тврдејќи дека името промовира одвратна суровост кон животните.

Нивното барање е селото да го смени името и да се преименува во Веган Вул.

Во дописот до селскиот совет, директорката на ПЕТА, Елиса Ален ја бара промената на името со цел „промовирање добрина кон овците“, а за возврат на сите 2.000 домаќинства на селото ќе им подари волнени ќебиња создадени „без суровост“.

Ставот на жителите околу барањето за промената на името, и покрај ветувањето за дарови, се движи меѓу:

- Идејата за преименување е целосно бесмислена,

и

- Ова е најидотската идеја на која имам наидено во подолго време.

Затоа што ПЕТА писмено му се има обратено на советот, тие ќе треба на следниот состанок да го разгледаат барањето.

Селото од 11-от век, кое моментално брои над 5.000 жители, своето име го добива од античкиот збор за бунар или извор на вода - welle.

23 ноември 2018 - 14:10