„Ако јас бев Тереза Меј, јас ќе свикав втор референдум, без никаков сомнеж.
Точно е дека сме на раб од потпишување на договор за транзиција.
Меѓутоа би сакал да ја видам британската влада да повика на втор референдум. Не мислам во моментов, туку во иднина, за тие да можат да се вратат во ЕУ. На друг начин, но да бидат повторно во ЕУ,“ порачал шпанскиот премиер во интервју за Политико.
Фалејќи ја Британија како „чудесна држава“ која има „позитивно влијание“ на европската политика, одлуката за брегзит Санчез ја објаснува како „преокупираност со самите себе која нема да заврши позитивно ни за Британија ни за Европа“.
Како пример за противењето на брегзит во јавноста Санчез ги наведува стотиците илјади демонстранти кои неодамна излегоа на улица и повиците за втор референдум за шкотска независност.
Зборувајќи и за референдумот за независност на Каталонија, Санчез објаснува „се што постигнуваат овие референдуми е фрагментирање и поларизирање на општествата“.
Во септември годинава, премиерот на Малта, за Би-би-си порача дека има „речиси едногласна“ поддршка меѓу лидерите на ЕУ за Британија да одржи уште едно гласање за заминување од Унијата.