Не можејќи да сфати како Британија воопшто заврши на патот на отцепување од Унијата, премиерот на Шпанија, Педро Санчез, повика на второ гласање за брегзит, објаснувајќи дека не му е јасно што чека Тереза Меј за да свика втор референдум.
Новиот шпански премиер има еден очигледен и дебел проблем - никој не го гласаше за таму. Санчез на таа функција дојде искористувајќи легални системски решенија но ниедна политичка вештина и смисла за комбинаторики не може да му го даде неопходното политичко чувство и потврда дека претставува нешто што граѓаните го сакаат. Тоа се вика легитимитет, и се добива само на избори.