Протестите кои во текот на годинава се одржаа во Сеул собраа десетици илјади демонстранти (еден 40.000, друг 55.000), на кои учесничките со лица покриени со маски носеа плакати со натписи „Јужна Кореја, нација на шпионски снимки“ и „Мојот живот не е твое порно“.
Паралелно со ова, дел од девојките седнаа на бина и додека им беше шишана косата ги раскажуваа своите искуства.
Барањето на жените е владата во Сеул да им забрани на воајери да поставуваат скриени камери и да снимаат жени, без разлика дали тоа било дома или во јавни тоалети / соблекувални.
Минатата година биле пријавени 6.000 вакви случаи.
„Самото влегување во јавен тоалет претставува ужасно искуство. Не знаеш дали внатре има скриена камера што ќе те снима додека мочаш,“ објаснува за Франс-прес една од учесничките на протестот.
Еден од одбранбените механизми на девојките е да ги пребараат, колку што можат, ѕидовите во јавните тоалети, и ако начекаат мало дупче, да удрат со молив или со пенкало во него.