Се работи за Замира Хаџијева, чиј сопруг е банкар од Азербејџан кој исто така е уапсен но од властите на сопствената држава.
Хаџијева е предмет на првите два налози за необјаснето богатство што британските власти успеваат да ги добијат, и од нејзе се бара да објасни како успеала да плати за две недвижнини со вкупна вредност од 29 милиони евра. Инаку парите од насловот ги троши во период од една деценија.
55-годишната Хаџијева е барана и од властите на Азербејџан заради прекршоци поврзани со измама.
На другиот дел од светот, Џахангир Хаџијев, сопругот на Замира и претседател на државната Меѓународна банка на Азербејџан од 2001 до 2015 е осуден на 15 години затвор за измама и проневера на пари.
По апсењето Хаџијева чека одлука дали ќе биде екстрадирана.
Налогот за необјаснето богатство е нова мерка со која располагаат британските власти во обид за справување со корупција, и сите приведени со него треба да објаснат како го стекнале својот имот доколку тој не содејствува со нивните приходи.