Западна „листа за отстрел“ на украински предавници

Организација со седиште во Лондон а поврзана со украинската влада е обвинета за несовесно загрозување животи со објавување список на „предавници“ со лични податоци, фотографии, па дури и семејни податоци на наводни руски соработници. Вклучително и деца.

Компанијата Молфар работи во зграда во близина на Хајд Парк, вработува 35 „високо квалификувани аналитичари“ и до 200 волонтери. Се сметаат за опен-сорс разузнавачи а основани се од извршниот директор Артем Старосјек. Велат дека нивна главна цел е да собираат детали за руските војници и другите за кои сметаат дека мора да бидат казнети за воени злосторства.

Нивната „Книга на орките“ (погрден термин за руските војници) охрабрува да се испраќаат информации за се идентификува „секој руски окупатор“.

Молфар е партнер со Министерството за дигитална трансформација на Украина и со американската УСАИД и досега има објавено лични податоци на 1.391 „руски воен злосторник“.

Но, не се фокусираат само на руските војници. Во една статија, насловена како „Колаборационисти од градот Купјанск“ се нудат фотографии, имиња, адреси и телефонски броеви на млади Украинци кои „јавно уништуваат симболи на украинската државност“.

Признаваат дека добар дел од нив само што наполниле 18 години но велат дека „се доволно возрасни да знаат дека нивната одлука да станат сепаратисти повлекува последици“.

Написот на Гриша Мисиљук завршува со: „Молфар потсетува дека сите соработници ќе бидат казнети. Тоа е само прашање на време.”

Една друга нивна, за модниот дизајнер Артемиј Лебедев, ги објавува не само неговите лични податоци, туку и сите членови на неговото семејство, заедно со фотографии и интересите на неговите мали деца. Ги охрабруваат читателите да му одат на посета и им нудат да им ги платат сметките за превоз до кај него.

Новинарката Ева Бартлет вели дека ова е вознемирувачки слично со списокот на „непожелни“ објавен на веб-страницата Myrotvorets (Миротворци) по бунтот на Мајдан во 2014 година. Тој масивен список се опишуваше како листа за отстрел во која ја имало и неа, зашто известувала за Донбас и се појавила на трибуналот за воени злосторства во Русија. Голем број луѓе од таа листа завршија мртви, вклучувајќи го и италијанскиот фоторепортер Андреа Рочели, кој беше застрелан од украинските вооружени сили во Донбас во 2014 година.

 

9 август 2022 - 15:59