Лавината што мирни што насилни протести и лоповлук која се покрена по трагичниот крај на Џорџ Флојд почна да се соочува со прашањето, ок, што се барањата? Што е тоа што може/треба/мора да се случи/добие/издејствува за да се смета дека протестите не биле залудни и вродиле со некаков системски плод (со оглед на тоа што полицајците веќе се зад решетки и случајот е во стандардна процедура).
Некако и од нeкаде се дојде до идејата "defund the police" која во случајот со Минеаполис ескалираше во „dismantle the police“.
Види:
Што ќе ти е мозок ако имаш кауза
Минеаполис ќе ја распушти целосната полиција во градот
Како ќе функционира тоа? Новинарка на Сиенен тоа ја прашува една советничка од Минеаполис.
„Ако ноќ некој почне да ми провалува дома, кому да се јавам?“
Одговорот е неверојатен:
„Таквиот страв доаѓа од белите привилегии“.
Сите аналогии се крајно бизарни, ама, замислете на жена која бара помош затоа што некој ја силува, некоја друга жена да ѝ каже: да видиш мене како ми беше?
Во бучавата се помалку се слушаат оние гласови кои предупредуваат дека ако оваа хистерија стане политички меинстрим, ете му мазно уште 4 години за Трамп.
Колективната грижа на совест околу расизмот добива пандемиски карактеристики. Одеднаш сфаќаш дека и науката е заразена. Уредникот на Магазинот Сајенс пишува едиторијал „Да се погледнеме во огледало“
Настрана што е спорно глобален магазин да ги американизира проблемите (каква врска има системскиот расизам во САД со науката во Бангладеш?), што е можен заклучок од овој проблем: Defund the Science?
Има и гротескни форми на тоа посипување со пепел. На пример следнава сцена, американски полицајци клечат и ги мијат нозете на локални црнечки лидери во знак на извинување за историските неправди?
Диктатурата на политичката коректност е во полн замав и нема област која во моментов не се редефинира по новиот „куќен ред“, од програмирањето па до филмската индустрија: ХБО не само што ја укина серијата „Полицајци“ (после 31 сезонa), туку од каталогот го отстрани и вонвремениот филмски класик на Виктор Флеминг (види: „Одвеано со виорот“ отстранет од ХБО“), Претходно пишувавме како на новата стриминг платформа на Дизни го нема Мики Маус од 20-тие години и уште многу други, одеднаш спорни работи (види: „Стигна Дизни плус, сталинистички искасапен“)
Медиумскиот пејсаж одамна е пореметен (види „Како Њујорк тајмс стана Фокс њуз“). На пример, пред неколку дена во делот оп/ед (место за колумни, авторски мислења и едиториали) на Њујорк тајмс беше објавно мислењето на еден републикански сенатор по кој без вадење војска на улица, нередите тешко ќе се смират. Се дигна толкав аларм околу тоа што соработници на рубриката откажуваа понатамошни контакти со редакцијата, весникот до небо се извинуваше што направил превид објавувајќи такво мислење за на крајот уредникот на таа рубрика даде оставка. Сенаторот Том Котон чиј текст ја покрена лавината, потсети дека пред некоја година, во истата рубика беше објавен текст кој бараше педофилијата да не се смета за криминал и дека никој од „разбудените“ не реагираше со таква жеестина.
Друг пример, Хафингтон пост прави видео за да ја истакне „најрасистичката поента досега“ на Такер Карлсон од непријателскиот табор на Фокс њуз. Да не прераскажуваме, еве го прилогот па најдете ја сами „најрасистичката поента досега“:
Коментарите под видеото и односот лајкови/дислајкови сепак даваат надеж дека вака тенки аргументации и обиди за расисти да се прогласат сите кои не се согласуваат со нас, не проаѓаат така лесно.
А спомениците се посебна приказна.
Види:
Черчил заврши како Чаушеску
Викендов во Лондон битка за спомениците?
А дека не може да има некое општо срање без и Македонија некако да не го попуши зборува и веста дека во тековниот ревизионизам настрада и Вилијам Гладстон, британскиот државник кој ја промовираше максимата „Македонија на Македонците“.