Тоа е тоа.
Уште пред Воинот на коњ да добие плочка дека е дел од хеленската историја, статуата на британскиот државник Винстон Черчил доби појаснување дека бил расист.
Така оценија група лондонски демонстранти од глобалниот бран немири предизвикан со убиството на Џорџ Флојд. Дали следува унакажување на пирамидите, римскиот колосеум и другите популарни туристички места кои биле изградени со крвта и потта на неброени робови, се прашуваат оние кои се вознемирени што полицијата не реагираше на ваквиот чин.
А дилемата е таа, дали Черчил ќе остане да се памти по неговата улога во Втората светска војна и победата на нацизмот или по бељите кои ги има правено и тогаш и нешто подоцна. Се разбира, тоа ни малку не е нова дилема но сега е постигната „работна температура“ за нејзино изострено „скулптуирање“.
Бидејќи учебниците и официјалните истории се добро опремени за првото, ние нешто почесто пишувавме за онаа другата тема.
„Кога ќе видиме филм за Черчил, монструозниот варварин со крв на милиони на своите раце?, гласи статијата која потсетува на Черчиловата улога во бенгалската глад во 1943 година која покоси околу три милиони луѓе.
„Како Черчил ги издаде грчките партизани и Егејците“, гласи статијата која потсетува на срамната одлука на Винстон Черчил да им сврти грб на оние што дотогаш гинеа и се бореа од истата страна.
Ама не дека не сме потсетувале на негови вонвремени поуки кои овдешните политикантски трговци и Чемберленовци ама баш ич не ги разбраа.
Инаку, на островот беше „освоена“ и статуата на Абрахам Линколн во Лондон а најмногу настрада Едвард Колстон во Бристол кој:
а) малку градел училишта, домови за сиромашни и цркви.
б) малку тргувал со робови.
...кој беше срушен баш како Садам Хусеин а потоа истркалан во река.
Чекајте за крај, за Черчил ни е ептен занимлив и овој дражесен детал за кој сведочи Орсон Велс.