„Тука сме затоа што тука во Минеаполис и во градовите низ САД станува јасно дека постојниот систем на одржување ред и јавна безбедност не им служи на нашите заедници...
Нашите напори за постепени реформи не успеаа. Точка,“ стои во соопштението на 9-те градски советници кои гласаа за распуштање на полицијата.
Во меѓувреме една од советничките на Твитер напиша дека „вето-безбедното“ мнозинство одлучило дека полицијата во градот „не може да се реформира и затоа ќе ставиме крај на сегашниот полициски систем.“
Против оваа одлука е градоначалникот Џејкоб Фреј, за што беше исвиркан од јавноста, како и првиот човек на тамошниот полициски синдикат.
Риал фил на ситуацијата е дека Минеаполис сега може да очекува „долга и комплексна дебата околу работата на полицијата, а останува нејасно формата на структурните реформи “.
Искрата за истурање на насобраниот гнев е убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаецот Дерек Човин кој речиси 9 минути со колено го притискал вратот на легнатиот и во лисици Флојд.