Несреќното тројство за европските млекари започна со контра-санкциите на Русија. Земјата беше пазар за 32% од извозот на целиот кашкавал од ЕУ, и 24% од извозот на путер.
Кина како најголем увозник на млеко во светот ја намали побарувачката на млеко, меѓутоа во исто време останува еден од најголемите увозници на млеко во праф.
Сето ова беше надополнето со одлуката на ЕУ, по 30 години квоти и забрани, на почетокот од годинава да им дозволи на млекарите да произвдуваат колку сакаат млеко. Сега земјоделците бараат повторно да се воведат квотите.
По сето ова:
- Во Британија литар флаширана вода чини 1,5 долари. Литар млеко чини 1 долар.
- Во Франција литар минерална вода и литар млеко се околу 1 долар
- Во Германија, во супермаркети како Лидл и Алди, литро млеко може да се најде за 55 центи, додека флашираната вода е 72 центи.
Додека цената на млекото во супермаркетите е падната за околу 5%, на големо цената е падната за околу 20% и литро млеко се продава за 37 центи (од долар).
Во понеделникот ЕУ најави дека на млекарите ќе им обезбеди помош од околу 500 милиони евра, за надоместување на штетата.