Разно

Правда за Качавенда!

Ми се јавува пред некој ден во два по полноќ Кожо, да ми каже виц. Има тој таков обичај, да ѕвони во глуво доба на ноќта од кафана, да каже виц. Елем, разговараат во Бјелина двајца млади богослови: „Знаеше дека Качавенда е геј?", прашува првиот. „Не ме заебавај?!", се изненадува другиот. „А мене синоќа ми се фалеше дека е владика!"

Која е најпривлечна должина на брада?

Кога се зборува за брада, ако ги прашуваш жените, помеѓу тазе муџахедин, сериозен војвода и Гандалф, секогаш најдобро е да изгледаш како Рајан Гослинг.

Cycleplex: велосипедското кралство на Гугл

Епл, Фејсбук, ЛинкдИн и слични компании од Силициумската долина имаат корпоративни флоти на велосипеди, меѓутоа ниту една од нив не може да се спореди со возниот парк на Гугл.

Зошто луѓето веруваат во конспирации?

Луѓето кои веруваат во теории на заговор се интересни и за муабет и за проучување. Психолозите се обидуваат да ги откријат механизмите кои стојат зад ваквиот вид размислување. Еден од нив е професорот Стефан Левандовски, кој вели - сè е до стравот од случајноста.

Природата има законско право да постои

За прв пат во историјата градот Санта Моника, донесе закон со кој "природните заедници и екосистемите" имаат законско право да "постојат, да се регенерираат и да напредуваат."

Кој го учел Гејтс да се поздравува со раката во џеб?

Комплетна Јужна Кореја му забележува на Бил Гејтс дека бил безобразен и некултурен за време на посетата на земјата, за иста работа за која и мајка му би го прекорила.

Колку пари ти требаат за да бидеш Ајрон мен?

Во чисто теоретскиот свет на супер-херои богаташи, Тони Старк е број еден, а и според трошоци за основни средства далеку поевтино е да бидеш Бетмен, отколку Ајрон Мен.

Може ли да осудуваме за Бостон, а да ги простиме жртвите од нашите војни?

Уште од нападите на маратонот во Бостон, нешто ме мачи. Се обидов да го игнорирам, ама не можам. Па, можеби неразумно, решив да пишувам за тоа.

Да му умре профилот на комшијата

Ако човек сака да биде среќен, треба да престане да се споредува со другите. Спротивната опција е постојано да се чувствуваш како комплетен неуспех во животот.

Фотографот што ги создаде соништата на едно дете

Матеј Пељхан е фотограф од Словенија. Тој го запознава Лука, дете кое страда од мускулна дистрофија и кое сонува за најдетските работи кои неговото тело не му дозволува да ги направи. А не бара многу.

Тој комплетна

Ок, сега и ова го има. Целата работа почнува со претпоставката дека има мажи кои сакаат да носат женска долна облека ама направена за мажи и сето тоа од чисто не фетиш причини.

Градинка од соништата

Малку порно за родители со мали деца: замисли дека градинката работи 24 часа. Сега замисли Шведска. Сега престани да замислуваш.

Зошто жените никогаш немаат што да облечат?

Една од вечните дебати меѓу жените и мажите оди отприлика " - Немам што да облечам! - Како бе може на полн плакар да немаш што да облечеш?"

Добриот, лошиот и воениот

За војна лесно е да се каже која била добрата а која лошата страна. Добрата е онаа којa победила. Но, кога војната ќе се зумира на човечко ниво, работите се усложнуваат. Лошите можат да останат лоши ама на добрите не е лесно да им најдеш што е кај нив добро. Два детала од двете страни на Втората Светска Војна.

Како Луис Ц.К го работи феминизмот

Минатата година за време на својот стенд-ап Даниел Тош наводно и одговорил на провокациите на една девојка од публиката со " ќе биде интересно ако пет момци во моментов фатат да те силуваат." За време на сериозно гневната реакција на јавноста на коментарот на Тош, Луис Ц.К. твитна еден комплимент за Тош: "твоите шоуа ме засмеваат секој пат кога ги гледам. И имаш убаво очи." Сега сите се ссна на Ц.К.

„Паметни и книшки“ луѓе

Книжарниците се сè пораритетни храмови во кои влегуваат посветените. Но, како и во секој божји или човечки храм, и таму знаат да се најдат луѓе кои се прошверцувале.

Колку луѓе се убиени од Њутаун до денес?

Во масакрот во Њутаун беа убиени 20 деца и 6 возрасни, ова требаше да биде пресвртница во дебата против оружјето. 4 месеци подоцна има една разочарувачка статистика.

Што е професорка без штикла?

Потенцијалните просветни работнички во Таџикистан како дел од својата обука ќе имаат и навикнување на носење штикли, кои од сега па натаму се задолжителни за нив.

Интернетот ја заглави руската пошта

Во последните неколку месеци руската пошта е преплавена со пакети кои не може да стигне да ги испорача и за сето тоа е виновен интернетот.

Дизаjн на годината

Исто како Оскарите, само без победничките говори и за многу потрајни дела, Дизajн Музејот ги објави добитниците на годинешните награди.

Еврејски свештеник влегува во авион...

Проблемот е: човекот мора да лета со авион, ама еден куп правила во неговата религија го прават ова бескрајно комплицирано. Нема проблем што најлон не може да реши.

Како скокањето ќе ви го уништи апетитот

Може ќе ви звучи глупо, ок не може, туку сигурно ќе ви звучи глупо, ама најдобар начин да се отарасите од гладта е да почнете да скокате во место. Ајде наваму за науката.

Лекции од европскиот парламент

Во Европскиот Парламент во Стразбур, пратеникот Најџел Фараж (Британска независна партија), ги прави пуздер Ван Ромпуј, Баросо и останатите евробирократи. Што побогу се замислувате дека сте вие?

Проблемот на жените со совети од непознати

Иако потребата од читање на совети од луѓе кои никогаш не ве запознале ја има кај двата пола, сепак жените се тие кои се главните консументи и главната цел на овој жанр.