Разно

Педофилија во име на уметноста

Приказна за тоа како влијателниот уметнички естаблишмент на една земја успеал цели 20 години да го заштитува педофилot сликар Грем Овенден да злоупотребува деца во уметнички цели.

Кога Јужна Кореја беше како Северот

Се до Корејската војна во 1950-та, денешните две Кореии заедно се развиваа и напредуваа колку што можеа. По завршувањето на војната, двете се одделуваат, едната добива помош од САД и денес знаеме како заврши целата работа.

Почина Роџер Еберт

Најпознатиот филмски критичар вчера објави дека се повлекува од својата работа бидејќи повторно му се појавил ракот, денес неговите соработници објавија дека Роџерт Еберт починал.

Саудиска Арабија осуди човек на парализирање

Групите за заштита на човековите права се во вонредна паника во Саудиска Арабија, откако тамошниот суд му пресуди на еден обвинет дека треба да биде парализиран, затоа што тој оставил друг човек комплетно неподвижен.

Највредниот билет за воз

Еден единствен билет е разликата дали бездомниците од Њу Џерси ќе ја преживеат вечерта на топло или ќе ризикуваат да измрзнат од студ.

Џабе се криете!

Шест цели Македонии во САД веруваат дека земјата им ја водат луѓе - гуштери. Последниот на видео е "фатен" како го обезбедува претседателот Обама.

Како изгледа најстрогиот закон против оружје во САД

Конектикат е на добар пат да го донесе најстрогиот закон во САД за поседување на оружје. Со оглед на тоа што планираат да променат, они до сега биле бетер од Талибанци.

За новинарската слобода

Луцидност, отпор, иронија и упорност.

Има ли стока во авионот?

Иако звучи како првоаприлска шега, беше прашање на ден кога ова ќе стане стварност: авиокомпанија почна да им наплаќа на своите патници според нивната килажа.

Пореметена планета

Темата не е нова но загриженоста расте. Пчелите и натаму масовно умираат при што минатата година била најлоша. Пчеларите конечно почнаа да тужат.

Воздухот во Кина е лош, водата е бетер

Иако сликите од смогот над Пекинг преовладуваа низ меѓународните медиуми, она што е драматично посериозно е загадувањето на реките и езерата во земјата.

Напишани а некажани говори

Што ако Армстронг и другарите не успеаа да се вратат живи од Месечината? Или ако истоварот на Нормандија беше неуспешен? Што ако Кенеди не беше убиен во Далас? Говорите биле напишани.

Амстердам ќе му пркоси на Путин

За време на престојот на Путин во Амстердам, наместо некое од официјалните знамиња (на градот, на земјата или на гостинот) градот реши на јарболите да го истакне знамето со боите на виножитото.

Мажи посериозно, жени полека

Кога се однесува на тежината, мажите и жените тераат по старо. Првиве секогаш се уверени дека се послаби отколку што навистина се, вторите секогаш веруваат дека се подебели отколку што се.

Хуманитарна помош во гајби

Затоа што Кока-кола стига каде што ни Црвен крст, ни владини организации не можат да припарат, некои решија да ја искористат нејзината моќ и со помош на корпорацијата да воспостават синџир за снабдување со лекови, вода и храна, за луѓе кои не можат да го добијат тоа по редовен пат.

Автомеханичарот што ја здроби легендата

Еден примерок на редок модел на Мерцедес заврши комплетно на отпад, откако автомеханичарот што го поправал направил судир за време на тест возењето. Механичарот е жив, ама сега должи 650 илјади евра.

И ние сакаме вака

Затоа што интернетот се пали на ова, а и добро размислените идеи убаво изгледаат за брендот, маркетинг агенциите се повеќе вртат на "искуствени кампањи," реклами во кои еден случаен муштерија добива главна улога во инстант филм.

Продавницата што наплаќа за разгледување

По милионитото "а до колку сте отворени," и "аха да видам уште нешто и ќе се вратам," сопственици на една продавница решија да им наплаќаат на сите само ќе ги разгледуваат производите во дуќанот, без да купат.

Колку чини дизајнирањето на лого

Главното правило кога плаќаш за лого е дека не треба да очекуваш неговата цена да одговара со парите што мислиш дека ќе ти ги донесе. Еве колку платија за своето лого некои од најголемите компании во светот.

Шах-мат образование

Додека кај нас дебатата е дали треба да се воведе сексуално образование или можеби е попаметно да се почне со веронаука, Ерменците размислуваат во сосема поинаква димензија - воведување на часови по шах.

Како се трошат пари од лотарија

Пред некоја година Роџер Грифитс тежеше 2,8 милиони долари. Денес на сметка има 10 долари. Да видиме како се успева во тоа.

Кипарската црква губи 100 милиони евра

Со новиот план за спас на Кипар и собирањето пари од банкарските сметки тамошната православна црква е на добар пат да изгуби над 100 милиони евра.

Саудиска Арабија до туристите: не ни доаѓајте

Ако не си жител, во земјата можеш да влезеш по 3 основи - семејство, бизнис или аџилак. Туристи воопшто не се предвидени како каква било категорија на луѓе што можат да ја посетат Саудиска Арабија.

Подготвени за Апокалипсата

Стотици несудени советници и градоначалници во Македонија денеска го живеат "Денот потоа". Но, не сите имаат среќа апокалипсата да им ја соопшти ДИК. Во САД постојат три милиони луѓе на кои животот им се состои од чекање да пропадне светот.