"Нема никаква 'теорија' во тоа, барем не теорија во смисла каква што им е позната на сите што имаат врска со науката или со некоја друга озбилна област," порача Чомски, според кој Жижек e најекстремен пример на позер.
Во дебата што се разви по ова Жижек се приклучи дури минатата недела, за време на панел дискусијата во Биркбек колеџот во Лондон.
"Со длабокото почитување што го имам кон Чомски, мојата поента е дека тој, кој секогаш нагласува дека треба да се биде емпиричен и точен, наспроти некакви луди лакановски шпекулации, често пати бил емпириски во грешка. На пример, се сеќавам кога застана во одбрана на Црвените Кмери. Притоа напиша неколку текстови во кои тврди дека тоа е западна пропаганда и дека Црвените Кмери не се толку страшни. Кога подоцна беше присилен да признае дека Црвените Кмери не се баш најдобрите момци во вселената, неговата одбрана беше шокантна. Чомски тврдеше дека бил во право со оглед на информациите кои ги имал во моментот. Јас комплетно отфрлам таков начин на размислување," одговорил Жижек.