
Идејата за поделбата на страните на мозокот е се повеќе оспорувана од денешните невролози, а последните истражувања покажуваат дека креативноста не вклучува само еден регион или страна од мозокот.
"Наместо ова целиот креативен процес - од почетниот наплив на инспирација до крајниот производ - се состои од голем број когнитивни процеси и емоции кои се взаемно интерактивни. Во зависност од тоа во која фаза е креативниот процес, и што се обидуваш да создадеш, се активираат различни делови од мозокот за извршување на задачата," пишува Скот Кауфман за Сајантифик Американ.
Кауфман објаснува дека најголемиот дел од овие региони во мозокот за да ја извршат задачата работат како тимови, при ова тие истовремено активираат структури и од левата и од десната страна на мозокот.
"Во зависност од задачата се активираат различни мозочни мрежи. На пример, ако се обидуваш да ротираш слика во твојот мозок (на пример како да ја наместиш торбата во багажник), за ова се активира мрежа одговорна за комуникација меѓу делот за планирани движења и очите," пишува Кауфман.
Што се однесува до креативноста, тој идентификува три големи мрежи кои критични за нејзино разбирање:
- Мрежа за контрола на вниманието - се активира кога задачата бара вниманието да биде максимално фокусирано. Мрежата е активна кога се концентрираш на некое тешко предавање или решаваш комплексен проблем, и таа троши сериозен дел од вашата работна меморија.
- Мрежа за имагинација - вклучена е во "создавањето на динамични ментални симулации базирани на минати лични искуства кои се користат за време на помнењето, размислување за иднината и генерално при замислување на алтернативни перспективи и сценарија за сегашноста." Мрежата е активна и во социјални ситуации кога мислиме на тоа што некој друг размислува.
- Мрежа за флексибилност на вниманието - постојано ги следи сите надворешни случувања, како и внатрешниот тек на свесноста и наизменично флексибилно им ја "префрла палката" на мрежата за контрола на вниманието и мрежата за имагинација.
"Клучот во разбирањето на неврологијата на креативност нe е во познавањето на големите мрежи, туку во препознавање на различните шаблони на активација и деактивација на невроните за време на различните фази од креативниот процес. Понекогаш помага кога овие мрежи работат заедно, а некогаш тоа може да го попречи креативниот процес," објаснува Кауфман.
Тој го споменува и истражувањето на неврологот Рекс Јунг и неговите колеги, кои даваат "прва процена" за тоа како функционира креативноста во мозокот.
"Нивната анализа наведува дека кога сакаш да се ослободиш од асоцијации, да го оставиш мозокот слободно да лута, да замислуваш нови можности и да го замолчиш критичарот во тебе, потребно е да се намали активноста на мрежата за контрола на вниманието (малку, но не сосема) и да се зголеми активноста на мрежите за имагинација и флексибилност на вниманието. Неодамнешните истражувања на џез музичари и рапери за време на нивна креативна импровизација, покажаа дека токму ова се случува во нивниот мозок додека тие креираат во живо. Во секој случај важно е од време на време да ја вклучуваш мрежата за контрола на вниманието, за критично да ги проценуваш и имплементираш своите идеи," го објаснува Кауфман истражувањето на Јунг.
Како што објаснува тој, доколку не се случи последниот чекор и не решиш да ја активираш мрежата за контрола на вниманието, се случуваат вакви работи: