Колегите на премија се познаваат

Во досега невиден пример на плачко, една Британка ги тужи колегите што добиле премија на лотаријата Евромилиони, заради тоа што не ја викнале и неа да учествува во ливчето.

10 колеги на 31-годишната Луиза Витби освоиле 28,8 милиони фунти во извлекувањето на Евромилиони. Витби не е дел од добивката, затоа што во време на уплаќањето на ливчето била на трудничко боледување и не дала пари.

Таа сега бара добивката наместо на 10 да се дели на 11 делови.

Иако добитниците сакале да останат анонимни, една од нив потврдила за БиБиСи дека сите вработени ја напуштиле својата работа откако ја добиле премијата, и дека сега нивната канцеларија (инаку се во фирма за вработување) била напуштена.

Вкупната добивка од 28,8 милиони фунти е 16-та најголема добивка во Британија од почнувањето на Евромилиони во 2004-та.

18 јули 2013 - 13:51