Исповед на една Барбика

Мислиш ќе видиш девојка на интернет што решила дека треба да изгледа (буквално) како Барбика и дека тоа ќе биде најчудното нешто околу неа. Нормално не е тоа тек така. Чекај малку да чуеш што има да каже.

Украинката Валерија Лукјанова во интервју објаснува дека Барби отсекогаш била нејзин идол, меѓутоа токму кога таа успеала да се претвори во Барбика почнале и првите навреди за неа и нејзиниот интелект. По ова искуство станува таа станува духовен учител.

"Моите вонтелесни искуства започнаа уште кога бев мала, можев да патувам вон моето тело до други планети и универзуми. Тогаш тоа се случуваш спонтано, а сега можам да ги контролирам моите патувања и да заминам само кога така ќе посакам. Последниве 4 години држам семинари за медитација и вон телесно патување," е одговорот на Лукјанова на прашањето зошто посакала да стане духовен учител.

Објаснувајќи ги своите предавања, таа објаснува и што можат нејзините слушатели да чујат: нејзиното сведоштво дека таа може да патува низ цел свет во иднината и минатото, што се однесува до храната таа препорачува да се јаде само зеленчук и тревки, и тоа во мали порции бидејќи таа ќе чувствуваме повеќе и почисти емоции. Меѓу другото таа објаснува дека "малку луѓе сфаќаат дека се посетени од вонземјани."

"Цело време. Мојата комуникација со вонземјаните не е вербална - ние го зборуваме јазикот на светлината. Научив многу од моите контакти со нив. Сега знам дека мојот дух е многу стар. И исто така дека луѓето се најмалку софистицираната цивилизација - ние сме на најниските нивоа на еволуцијата. Вонземјаните ми помогнаа да разберам се околу создавањето на нашиот свет. Излезе дека вистината нема никаква врска со она како таа е интерпретирана од религиите," одговара живата Барби по прашањето дали комуницира со вонземјани.

 

Таа не верува во ниту една религија на Земјата, единствено го пофалила Будизмот дека е најблизу до разбирањето на вистинската креација, структурата на Универзумот и начинот на кој духот патува.

Инаку девојката е мажена, со дечко што го знаела од училиште, ама нема, ниту пак ќе има деца, затоа што "еднаш кога патував надвор од моето тело, ми текна дека не сум човек и дека мојот дух не е човечки - и заради тоа не треба да имам деца на овој свет." Како што вели таа и сопругот се многу блиски.

Што се однесува до нејзиниот изглед таа ги негира најголемиот дел од гласините дека правела безбројни операции (како отстранување на ребра за да има помал струк) и дека единствен зафат на неа е зголемување на градите. И покрај целата вонтелесност и контакти со вонземјаните, таа сепак се одржува со вежбање по 3 пати во неделата, и обожува да јаде течна храна. Ако сакате да останете слаби препорачува "немојте да пиете вода со вашата храна," но се дополнува дека тајната на нејзината килажа е што јаде многу мали количини на храна.

На крајно тролачкото прашање од новинарот: "Дали маж ти е човек?" Валерија одговара сосема возвишено: "Не би сакала да разговарам за тоа, бидејќи не сакам да му наштетам на репутацијата."

Додека е тука таа веќе има објавено книга за нејзините астрални патувања, ама сега има во план да развие музичка кариера. Веќе има репертоар од 100 песни.

"Без разлика колку лоши работи ќе кажат луѓето за мене, наскоро ќе станам поп ѕвезда и популарен учител за вон телесни искуства," завршува Лукјанова.

6 август 2013 - 20:21