Разговорот за тоа кој како ја доживеал борбата и инцидентот е дел од новиот серијал на Fox Sports 1 за животот на Тајсон, кој треба да почне да се емитува од 22-ри септември.
Во муабетот меѓу двајцата супер-тешкаши Холифилд му признава на Тајсон дека планирал да му се освети со удар меѓу нозе, а поранешниот светски шампион остана зачуден и кога Ивандер му кажа дека тој всушност прво на ситно го гризнал и за другото уво, нешто за што овој 16 години не бил свесен.