Франција ги забрани детските убавици

Сите детски натпревари за убавина веќе се забранети во земјата, со цел да се спречи "хипер-сексуализација" на младите девојчиња. Во иднина казната за избирање на детски убавици ќе биде 2 години затвор.

Со законот донесен од францускиот Сенат се прогонуваат сите кои што ќе се обидат "да оценуваат деца под 16 годишна возраст за нивниот физички изглед во т.н. избори за убавина."

Правилото е дел од новиот "закон за еднаквост" претставен од француската министерка за женски права, кој вклучува и правила за борба против нееднаквите плати, домашното насилство и ги поттикнува мажите да одат на "трудничко боледување."

Законот е донесен со 196 гласови за и 146 против, а според него сите организатори на детски избори на мис освен казна од 2 години затвор ги чека и парична казна од 30.000 долари.

Целата идеја за забраната потекнува од 2010-та кога Вог објави фотосесија со провокативни фотки од 10-годишно девојче. Девојчето (со уште две други), на фотографиите беше претерано нашминкано, облечено во тесно здолниште, високи штикли и скап накит. Во тоа време Вог се бранеше дека тие само ги прикажуваат секојдневните фантазии на младите девојчиња.

18 септември 2013 - 14:37