
Ливчето е продадено во Лексингтон, Јужна Каролина, град со околу 18.000 жители (заедно со околината имаат над 80.000), а добитната комбинација е 7, 10, 22, 32, 35 а "powerball" е бројот 19.
Вредноста на добивката е 399,4 милиони долари на повеќе годишни рати или еднократна кеш исплата од 233 милиони долари.
Ова е најголемиот добитен лоз што е некогаш продаден во Јужна Каролина. Инаку во истата сојузна држава, во истово коло се падна и добивка од 1 милион долари, за лоз на кој се погодени првите 5 бројки.