
Уметноста создава проблеми.
Низ историјата има безброј инциденти во кои уметноста во некоја од своите многу форми била сфатена како проблематична и била нападната од најмалку една група.
Модерната уметност е нападната од традиционалисти, на традиционалната уметност и се спротиставуваат модерните мислители. Уметничките слики се уништени бидејќи некој бил навреден од нив. Уметниците се убиени бидејќи чепкале, каде што не требало да чепкаат.
Дизаjнот решава проблеми.
Дизаjнот како процес прати одредена ситуација, одреден проблем и се зафаќа со негово решавање. Дизајнот ни помага во нашите животи со тоа што ги забрзува работите, со тоа што ја отстранува тензијата меѓу нас и крајниот резултат што сакаме да го постигнеме. Дизајнот ни го прави животот побезбеден - добриот дизајн создаде каиш за автомобил и воздушни перничиња, не уметноста. Дизајнот нè топли, дизајнот нè храни.
Уметноста се толкува.
Кога набљудувач гледа парче уметност, или кога некое парче уметност е манипулирано, од човекот зависи како ќе протолкува што мислел уметникот со тоа. Во ова толкување не е чудно различни луѓе да дојдат до различни заклучоци за тоа што претставува парчето уметност. Уметноста бара мислење и репетитивно набљудување.
Дизајнот е едногласен.
Секој корисник на парче дизајн дошол до истиот заклучок за што е тоа парче. Не треба да има спротиставени мисли меѓу два корисника. Дизајнот речиси и да не треба да бара размислување, треба да биде интуитивен уште од првиот пат кога корисникот ќе се поврзе со тоа парче дизајн.
Уметноста е истражување.
Прекрасни парчиња уметност и цели нови уметинички епохи се креирани како резлутат на истражување. Секако дека уметниците имаат фази во кои повторуваат одредени теми, меѓутоа основата на уметноста е истражување на нови теми, нови техники и нови медиуми.
Дизајнот е набљудување и повторување.
Од друга страна дизајнот набљудува и го искористува она што ќе го најде. На пример, ако набљудување во полето на веб дизајнот открие дека луѓето попрво би кликале на копче кое физички изгледа како вистинско копче - дизајнот ќе го искористи ова знаење и ќе создаде такво копче. Напредокот во дизајнот, во најголем дел, е креиран преку повторувања и корекции базирани на набљудување на претходно дизајнирани објекти.
Уметноста нема цел.
Освен кога е нарачана, уметноста нема некоја јасна цел. Уметниците создаваат дела како директен продолжеток на нивната душа без никаква друга цел освен да бидат набљудувани.
Дизајнот има точна цел.
Дизајнот има цел, а објектите се создадени и подобрени заради специфичен резултат и специфична цел. Дизајнот не се создава само за атер на дизајнот - бидејќи така би бил бесмислен.
Тој тогаш би станал уметност.
Juicy Salif иконската цедилка за сок не е дизјан. Да, тој може да исцеди сок, меѓутоа секој може да види дека тој има премногу елементи кои прават оваа алатка да биде непрактична и неефикасна. Каде ќе паднат семките? Директно во чашата. Salif е уметност, не е дизајн.
Уметноста е создавање заради уметникот.
Како правило уметниците создаваат уметнички дела за самите себе. Уметниците го прават тоа што го прават за да го задоволат нагонот што го имаат, нагон да креираат, нагон да ги искажат своите чувства и да ни кажат што им е на ум. Секако, некои парчиња уметност се нарачани од уметниците, но дури и тогаш уметникот ги креира овие дела посегнувајќи длабоко во својот мозок и во своите мисли.
Дизајнот е создавање заради крајниот корисник.
Дизајнерите создаваат работи мислејќи на крајниот корисник. Често дизајнерот не е ниту цел на некој производ, дизајнерот може и никогаш да не го користи тој предмет. Ова значи дека дизајнерот мора да се стави себе си на место на корисникот за да направи добро парче, оставајќи го своето его зад себе. Секако секој дизајнер има печат кој ја обележува неговата работа, меѓутоа овој печат никогаш не е во конфликт со крајниот резлутат.
-------------------
Луѓето веруваат дека постои тенка линија меѓу уметноста и дизајнот, но во реалноста има широк, колосален процеп меѓу уметноста и дизајнот. Ова може да биде набљудувано од сите аспекти на животот на дизајнерот, наспроти животот на уметникот. Дизајнерите имаат функционални кујни, предмети лесни за користење, тие го поедноставуваат својот живот. Уметниците сакаат хаос и непредвидливост.
Дизајнерите следат функционалност, уметниците следат форма.
Како и да е има нешто уметничко и во дизајнот. Методите на визуелниот дизајн се уметнички. Бидејќи најголемиот дел од луѓето го гледаат само надворешниот слој на дизјанот, тие обично го поврзуваат дизајнот со уметност.
Цртањето на рамки за вебсајт на парче хартија изгледа како уметност. Тоа изгледа како да не се разликува многу од скечот што уметникот го прави пред своето следно ремек дело.
Она што ние не го гледаме, и не е очигледно, е менталниот процес што се случува во мозокот на дизајнерот како и целата работа во позадина, истражувањето и искуство.
Дизајнот е инженерство.