На светот му треба домаќин

Моментално светот фрла една третина од целата храна што ја произведува и за чие создавање се троши површина колку Кина, Монголија и Казахстан заедно.

Фрлената храна (во бројки 1,4 милијарди тони) во исто време значи и фрлена енергија, вода и обработливо земјиште:

- за производство на фрлената храна се троши вода еднаква на годишниот тек на Волга, најдолгата река во Европа.

- кога би било држава, производството на храна би била третата најголема земја загадувач во светот.

- економскиот трошок на фрлената храна изнесува 750 милијарди долари.

Паралелно со ова 870 милиони луѓе во светот секој ден живеат во глад.

20 септември 2013 - 16:41