Стив Балмер се одлогира

Пред 13.000 вработени на Микрософт, со солзи и аплаузи, досегашниот извршен Стив Балмер се прости од компанијата.

Не пропушти да го рчне Епл како "модна компанија", Амазон како "ефтина", Гугл како "фирма која сака да знае се", но клучните емоциите беа фокусирани на Микрософт која ја смета за свое четврто дете. "Знам, децата го напуштаат домот, но во случајов, од дома заминувам јас," рече Балмер и нa вработените им ја пушти песната која сумира сè што има да каже на крајот - Time of my life.

29 септември 2013 - 06:40