Кај отидоа парите?

До последен долар, официјални статистики за тоа каде Американците лани ги потрошиле парите. И богато и сиромашно, и шуто и рогато.

Според последните податоци од надлежното биро за статистики, целокупната потрошувачка нацртана во една шарена пита изгледа вака:

Малку попрегледни се истите податоци ставени во колони:

Но, просеците често ја кријат вистината. Особено кога се работи за суштинските разлики меѓу богатите и сиромашните. Еве како изгледа јазот меѓу 20-те проценти од дното и исто толкавиот процент на врвот на економската скала.


Храната, облеката и кровот над глава одземаат лавовски 60 проценти од приходите на сиромаштијата. Богатите пак, имаат и за слободното време, осигурувањето и заштедите.

Конзумеризмот станува буквален термин кога се зборува за разликите меѓу сиромашните и богатите: оние кои немаат доволно ги сркаат своите приходи веднаш: два од три долари кои ги имаат им одат за апсолутно преживување. Од друга страна, богатите можат да размислуваат за иднината, на која и одделуваат осум пати повеќе (штедење и осигурување).

"Сиромаштијата го менува начинот на кој се посматра сè во животот" вели еден професор по економија од Харвард.

А размислувањето за иднината денес е луксуз кој не можат сите да си го дозволат

 

23 септември 2013 - 14:33