
Иако нема ни приближно разумна причина за тоа што новото лого на Јаху би било главно тема за дебата, објаснувањето го дава Паркинсоновиот закон за безначајност, според кој сите се вознемирени околу темата бидејќи имаат доволно познавање за да можат да зборуваат за неа на (донекаде) мудро ниво.
Законот, кој потекнува од книгата Паркинсонови закони, конкретно гласи: "принципот е дека количеството на дискусија е обратно пропорционално со комплексноста на темата." Односно колку е покомпликувана темата, толку е помала дискусијата.
"Па така дебатата за и против изградбата на нешто контроверзно и опасно како нуклеарна централа бара конкретно знаење на темата, додека да имаш мислење за тоа каква треба да биде бојата на нуклеарната централа - или новото лого на Јаху - е нешто што секој може да го направи со речиси исто количество на експертиза," пишува Ребека Гринфилд за Атлантик Вајр.
Интернетот и можноста што тој му ја дава на секого да каже што сака, само ги распламтува овие теми, па така комплетно неважните работи се дебатирани и добиваат неочекувано внимание, додека покомплексните прашања - да речеме, како Јаху ќе ги зголеми приходите од маркетинг? - добиваат многу помало внимание затоа што луѓето не можат интелигентно да дебатираат за нив.
"Во интернет светот можноста да се учествува во дебата е еден од клучните погони на Твитер, блог постовите и импресиите (на веб страните). Повеќе луѓе можат да кажат уникатни и не тотално глупи работи на Твитер за нешто како логото на Јаху," објаснува Ребека.