Истражувачите сметаат дека оправданието на Шпанците за сиеста и потребата да спијат повеќе отколку останатите е затоа што наутро стануваат еден час порано.
Во новиот извештај на парламентот на Шпанија, тоа што земјата е сместена во централноевропско време е оправдание за се' од слаба продуктивност на работа до полова нееднаквост.
Шпанија географски се наоѓа во просторот на западноевропското сметање на времето, кое што важи во Португалија и Мароко. Заради ова и авторите на извештајот и предлагаат на владата да го усогласи часовникот со западноевропското време, што би довело до подобра продуктивност и помалку стрес.
Според извештајот Шпанија 71 година се наоѓа во погрешна временска зона, а сето ова започнува во 1942-ра кога шпанскиот диктатор Франко ја префрли земјата во централноевропско време за да биде во согласност со нацистичка Германија.