За 10 месеци Шкотите ќе одлучуваат за својата независност од Кралството, истото кралство чие знаме се базира на спојувањето на круните на Англија и Шкотска.
Меракот на листите е затоа што во нив се' е спакувано во амбалажа која му овозможува на мозокот на најлесен можен начин да прими и да сфати некоја информација.
Магазинот (кој го прават истите луѓе како и шоуто) ги одбра петте најдобри супер-автомобили на светот и реши да провери кој од нив е број еден. И тоа не врз основа на цена или спецификации, туку каква работа ќе завршат на патеката.
Не само што ни изумираат секакви видови птици и животинки, а по пат почнува да снемува и нафта и јаглен, на Земјата сериозно и трепка сијаличката дека е на резерва за работи како чоколадо, вино или сланина.
Рускиот мултимилијардер и медиумски могул Александар Лебедев, со огромна заинтересираност од медиумите го започна своето аргатување на кое е казнет заради познатиот инцидент во едно тв шоу.
НФЛ се игра 5 месеци во годината, и до плејофот секој тим има по 16 натпревари. За време на еден просечен натпревар, активно се играат само 11 минути, ама затоа се пуштаат над 100 реклами.
Пред неколку дена дел од Сан Франциско беше претворен во Готам, со цел да се исполни желбата на 5-годишниот Мајлс Скот (кој боледува од леукемија) цел еден ден да биде суперхерој. Откако мина еуфоријата, некој седна да направи математика колку чинеше правењето мерак.
Годишно профитот од продажба на крадени ремек дела е помал само од профитот што се прави од продажба на дрога. И оваа процена не е според "продажната цена" на уметничките дела објавена во медиумите.
На секои две години авто-индустријата го окупира Токио за да ја покаже својата визија за иднината. Годинава се одржа 43-от Токио Мотор Шоу. Се собраа сите и Јапонци, и Германци и Французи.
Во 2013-та се крадело храна на големо. Од плескавици до бурбон, од ореви до пилешки крилца и конзерви со грав и колбаси. Ова се најголемите грабежи за годинава.
Кога се работи за сексуални скандали во медиумите, се чини на темата се претплатени Католичката црква и СПЦ. Но, сeксуални предатори има и во други верски организации во кои изгледаат сосема "неприродно". Оммм...
Без разлика колку позитивно делува физичката активност, човековото тело во никој случај не е предвидено да може да истрча 42 километри без престан. Подвигот на трчање маратон доаѓа по цена на зијан на речиси цело тело.
Веројатно сте ја виделе оваа романтична фотографија на двајца демонстранти кои се љубат среде протести. Еднодушно би се согласиле дека нејзината главна порака е дека љубовта е посилна од сè. Има еден визуелен експерт кој се занимава со овие теми кој не се плаши истово да го нарече булшит.
Во весник се појавува некролог дека 99 годишен воен ветеран починал спокојно, во сон. Се наведува и дека дедото немал нигде никого, ни семејство ни блиски. Ова ги допира луѓето и стотици доаѓаат на гробишта на неговото последно испраќање.
Вол Стрит Журнал ја покрена темата за тоа колку многу луѓе со сериозни ментални проблеми чмаат по американските затвори наместо да бидат третирани во соодветни психијатриски установи.
Меѓу кошмарните статистики од САД има податоци од типот дека 40% од работниците годишно заработуваат помалку од 20.000 долари (плус на оваа сума треба и данок да платат) или 1.666 долари месечно.
Бескрајниот раст е мечта на економистите, бизнисмените и политичарите. На него се гледа како на мерка за напредок. Сепак, економскиот раст во себе ја крие сиромаштијата која ја создава преку уништувањето на природата, што прави заедниците да немаат капацитет да се грижат за самите себеси.
Моменталната ситуација со опседнатоста со пластични операции и облини во Венецуела е стигната до стадиум што дури и пластичните кукли за во бутик што ги купуваат од Европа прво одат на надградување на градите и задниците пред да ги стават на излог.
Пиењето кафе во право време прво помага тоа подобро "да фати" и второ спречува да создадете толеранција на кофеинот, и сето ова е базирано на неврологија.
Медиумите планетарно ја пренесоа веста за компјутерското девојче на кое се уловиле илјадници педофили. И баш звучи добро: висока технологија во лов на бедници. Само што, не е до толку така.
Многу ќе бидете поспокојни кога ќе сфатите дека вие имате еволуциска основа, зошто не можете да го поднесете дечкото на ќерка ви. Проблемот е кога ќе разберете дека не можете ништо да направите во врска со тоа.
Музика произлезена од сиромашните предградија на Рио де Женеиро и пеачки кои си ги пумпаат градите и задниците со силикон, тоа е новото крило на феминизмот за кое веќе се пишуваат и академски трудови.
Деновиве треба да излезат мемоарите на Усаин Болт, а во нив освен регуларните работи што ги има во вакви книги: успех, не успех, љубов, семејство, атлетичарот збори и за својата опседнатост со МекДоналдс, конкретно со МекНагетс.