Кинескиот интернет во одбрана на проституцијата

Секс индустријата на Кина (инаку крајно нелегална) се претпоставува дека брои околу 6 милиони сексуални работници (!!!). "Престолнината" на оваа индустрија е градот Донгуанг. Неодамна власите извршија рација за која регрутираа 6.000 лица.

Во акцијата беше прочешлан целиот град, посебно сауни, салони за масажи и слични локали. Цел тој народ успеа да уапси 162 лица, а беше сменет началникот на полицијата во градот и заменик градоначалникот. 

Она што властите не очекуваа е интернет да се крене во одбрана на уапсените (не и за двајцата функционери) и генерално индустријата, чии "вработени" одамна бараат легализација.

Членовите на Веибо веднаш изразија солидарност со Донгуан, објавувајќи пораки од стилот "Донгуан издржи," а на анкетата на Веибо веднаш по рацијата над 50% од испитаниците имале повеќе симпатии кон секс индустријата, а мнозинството било скептично дека акцијата ќе реши нешто. Рацијата сериозно ја зголеми и работата на државните цензори кои го "прочистуваат" кинескиот интернет од непожелните пораки.

Проституцијата е забранета во Кина од 1949-та, по наредба на тогашниот лидер Мао Це Тунг. Кинеската секс индустријата и сите придружни економски активности околу неа, се проценуваат на околу 16,5 милијарди долари.

18 февруари 2014 - 22:09